Сè што некогаш сте сакале да знаете за Владимир Путин

Владимир Путин се обидува да слушне новинарско прашање на враќање од средба, посветена на украинската криза во Елисејската палата во Париз.

Владимир Путин се обидува да слушне новинарско прашање на враќање од средба, посветена на украинската криза во Елисејската палата во Париз.

Reuters
Кариерата на една од највлијателните фигури во модерната историја е неверојатна - од разузнавачки офицер во КГБ до претседател на Русија.

Владимир Путин е роден во 1952 година во Ленинград (денес Санкт Петербург). Како млад човек работел многу години во Советската надворешна разузнавачка служба, а во раните деведесетти години од минатиот век бил заменик-градоначалник на Санкт Петербург за прашањата за надворешните односи. Потоа, на крајот од деведесеттите години од минатиот век, тој ги предводеше руските безбедносни служби, пред да стане премиер на земјата во 1999 година и нејзин претседател на почетокот од 2000 година.

Погледнете ги различните лица на Владимир Путин по 1998 година (помош: не се разликува многу):

Владимир Путин е втор, а во моментов е четвртиот, претседател на Русија. Неговиот прв мандат започна во март 2000 година и траеше осум години (рускиот устав го ограничува секој претседател на два последователни мандата). Во 2011 година, неговиот мандат беше продолжен од четири на шест години, а втората претседателска функција на Путин започна во 2012 година и продолжува до денешен ден. Тој има право на втор мандат.

Следните претседателски избори во Русија ќе се одржат на 18 март, а главното прашање е „Кој ќе биде следниот претседател на Русија?“.

Сигурно едно од имињата што кружат во јавноста е она на Алексеј Наваљни, лидер на малото, но многу гласано опозициско движење. И покрај написите на западните новинари, Наваљни има многу мала шанса да победи, и постојат неколку причини за ова.

Минато во КГБ

Владимир Путин се придружи во Комитетот за државна безбедност (КГБ) во 1975 година и бил обучен како контраразузнавач во Ленинград. Тајното име на Путин е „Платов“.

Путин вo униформа на КГБ, 1980 г.

Од 1985 година работел во Дрезден како агент на КГБ и бил таму кога паднал Берлинскиот ѕид во 1989 година. Кога режимот на Источна Германија се распаднал и кога е објавено повторно спојување со Западна Германија во 1990 година, времето на КГБ во Германија е завршено.

Претседателското семејство

Владимир Путин има две ќерки - Катја и Марија. Се жени за нивната мајка - Људмила Очеретнаја, во 1983 година. Во јуни 2013 година, беше обелоденет развод – за првпат по Петар Велики, руски лидер јавно признава дека тој и неговата сопруга ставаат да стават крај на нивниот брак.

Еј, почекајте малку, имаме нешто многу симпатично за Вас:

Зошто Путин е толку популарен?

Русите го сметаат Путин за влијателна историска фигура, а неговата популарност не зависи само од економскиот просперитет на нацијата. Репутацијата на Путин му носи изобилство восхит и почит, често се манифестира во форма на подароци што ги добива не само во рамките на Русија. Најпознатиот подарок на Путин е неговиот Кони – црн лабрадор од Сергеј Шојгу, министер за вонредни состојби. Во 2012 година, претседателот, исто така, доби на подарок куче од расата акита ину од Јапонија.

Рускиoт претседател Владимир Путин со своето куче  Јуме од расата акита ину во Кремљ.

Подароците кои Путин ги добива од граѓаните ги проверуваат службениците за безбедност и се чуваат во библиотеката во Кремљ, како и во специјален склад во Кремљ.

Според законот, претседателот може да прифати подароци чија вредност не надминува пет минимални плати (помалку од 1.000 долари).

Погледнете какви подароци добивал Владимир Путин.

И не заборавајте: има Инстаграм-профил со мудрост, илустрирани со портрет на Путин! Се чини доста мотивирачки.

Колку заработува Путин?

Секоја година, веб-страниците на Кремљ и руската влада објавуваат податоци за годишниот приход на претседателот и на другите политичари, како и за сопственоста што ја поседуваат.

Според изјавата на Путин во 2016 година, тој заработил 8.858.432 рубли (156.504 долари). Тој, исто така, има објавено парцела од 1.500 квадратни метри и стан (77 квадратни метри) и гаража (18 квадратни метри).

Каде работи и живее Путин?

Путин е очигледно на сите први страници во Русија. Иако неговата официјална резиденција е во Кремљ, тој често сака да ги одржува своите официјални состаноци во својата куќа во Ново Огарево, 30 километри западно од Москва.

Возилото на Путин

Иако ги сака автомобилите произведени во Русија како Волга (автомобил од средна класа од СССР) или Запорожец, неговиот главен работен автомобил е оклопната лимузина на Mercedes-Benz S600 Guard Pullman.

Директната линија со Путин

Неизбежен дел од работата на Путин како претседател на Русија е неговата национална „директна линија“, емитувана во живо на телевизија, во која тој покажува колку е достапен. Но, руското „испрашување“ е само модерна форма на древната традиција.

Зошто Путин има толку лоша репутација?

Како што истакнуваат експертите, нашето детство нè превраќа во луѓето што сме.

Самиот Путин признава дека детството има огромно влијание врз неговата личност, и во тие денови честопати морал да се бори и да биде корав. „Пред 50 години улиците на Ленинград ме научија дека ако борбата е неизбежна, треба да удриш прв“, рече водачот во 2015 година.

Се разбира, кој може да биде мек по 16 години стаж во КГБ?

Или, пак, ова е само маска?

Дали Владимир Путин има оружје?

И ако е така, дали всушност има право да го користи? Дознајте го одговорот од видеото подолу:

Филмови за Путин

Во 2017 година, Оливер Стоун ја претстави својата документарна серија во четири дела „Интервјуа со Путин“. Еве краток преглед:

Во првиот дел рускиот претседател му раскажува на американскиот филмски режисер за детството во СССР по војната, што си мислел кога го наследи Борис Елцин, и зошто Русија има толку тешки односи со САД.

Во вториот дел двајцата разговараат за можноста за војна помеѓу Русија и НАТО, како и за судбината на Едвард Сноуден - поранешниот агент на Националната служба за безбедност на САД кој доби азил во Русија.

Во претпоследната епизода режисерот и рускиот претседател зборуваат за конфликтите во кои била вмешана Русија, директно или индиректно, во последниве години: обединувањето на Крим со Русија, вооруженото востание во источна Украина и граѓанската војна во Сирија.

Во последниот дел Стоун и Путин разговараат за наводите дека руските хакери интервенирале во изборите во САД, за Доналд Трамп, за Јосиф Сталин и за иднината на самиот Путин.

Животот и слободното време на Путин

Сè што сакате да знаете за хобијата на Владимир Путин во видеото:

Еве уште неколку докази за цврстината на Путин. Тој претпочита да ги поминува кратките одмори многу активно: на пример, во сибирската тајга, каде фати риба во планинско езеро, со харпун, да се пече на сонце, да патува по планински реки и брзаци на моторни чамци и рафтинг-чамци, да оди на излети во планина и да вози мотор со четири тркала.

Тој исто така тренира хокеј, сака скијање, па дури и јава коњ.

Искрено, овие екстремни хобија создаваат многу главоболки за неговото обезбедување.

Ох, и не заборавајте дека Владимир Путин е мајстор по џудо и самбо; неколку пати тој станал шампион на Ленинград. Има и црн појас за карате, џудо и теквондо!

И свири на пијано!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња