Кремљ објави целосна верзија од риболовот на Путин во Сибир

Претседателот на Русија Владимир Путин на риболов во текот на неговиот одмор во Јужен Сибир од 1-3 август 2017 година.

Претседателот на Русија Владимир Путин на риболов во текот на неговиот одмор во Јужен Сибир од 1-3 август 2017 година.

kremlin.ru
Во врска со големиот интерес на сајтот на Кремљ е објавена целосната верзија од видео записот за патувањето на претседателот на Русија Владимир Путин низ Јужен Сибир од 1 до 3 август.

Како што се вели во соопштението на сајтот на Кремљ, Путин на одморот се занимавал со подводен лов со маска за нуркање на која била поставена камера GoPro.

„Овие кадри заедно со другите фото и видео материјали, вклучувајќи и снимки од квадрокоптер, се достапни на сајтот kremlin.ru.

Во врска со големиот интерес за престојот на Владимир Путин во Тува фото и видео материјалите се објавуваат во целосен обем“, се вели во соопштението на сајтот што го пренесува „Взгљад“.

Странските медиуми пишуваа за фотографиите од тридневниот одмор на рускиот претседател во Јужен Сибир. Повеќето западни изданија истакнуваат дека рускиот лидер може да се пофали со извонредна спортска форма. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња