„Интервјуата со Путин“ на Оливер Стоун: што дознавме од првиот дел

Путин и Оливер Стоун

Путин и Оливер Стоун

SHOWTIME/YouTube
Во првиот дел на филмот во четири продолженија претседателот на Русија на американскиот режисер му раскажува за детството во повоениот СССР, што мислел откако го наследува Борис Елцин, и зошто Русија има сложени односи со САД.

„Ќе импровизираме. Тука нема правила“, вели Оливер Стоун со насмевка на првите кадри од филмот „Интервјуата со Путин“ (The Putin Interviews), веднаш по титлите со матрјошки, срп и чекан. Филмот, каде познатиот американски режисер, автор на над 25 документарни и играни филмови, зборува со Владимир Путин за политиката и животот, е сниман во текот на повеќе од една година - од декември 2015 година до февруари 2017 година. За овој период режисерот и рускиот претседател успеваат да разговараат на доста теми.

Првиот дел од четиричасовниот филм беше емитувана на американскиот ТВ канал „Шоутајм“ (Showtime) на 12 јуни. Што ново дознавме од него за рускиот лидер?

Џудо и КГБ

Филмот започнува со разговор помеѓу Стоун и Путин за младоста на рускиот лидер. Син на механичар кој учествувал во Големата татковинска војна, Путин, како што признава сам, не е послушно дете - израснал главно на улица. Претседателот се сеќава дека многу силно му влијаело џудото: „Тоа го промени мојот живот на подобро“. Главната нешто кое го има научено од џудото, според политичарот, е флексибилност, вештина, ако е потребно во името на победата, да отстапи за некои работи.

Во интервјуто со Стоун Путин признава дека уште во своите тинејџерски години сака да работи во Комитетот за државна безбедност (КГБ) и се запишува на Правниот факултет на Ленинградскиот универзитет токму со цел да се приклучи на тајните служби.

Распаѓањето на СССР и суровите деведесетти

Путин детално ја коментира пред Стоун познатата фраза дека распадот на СССР е најголема геополитичка катастрофа на XX век: тој признава дека советскиот систем работел лошо и биле потребни промени, но грешките при неговото реформирање довеле до ужасни последици. „Беше уништен системот на социјално осигурување, целосно престанаа да работат цели сектори на економијата, фактички беше уништен здравствениот систем“, наведува Путин. Покрај тоа, според него, 25 милиони Руси за еден час се наоѓаат во странство, а земјата на граница на граѓанска војна.

Во 1996 година Путин (во почетокот на деведесеттите години од минатиот век, тој е заменик-градоначалник на Санкт Петербург) пристигнува во Москва, а по неколку месеци ја предводи Федералната служба за безбедност (ФСБ). Во 1999 година Борис Елцин, првиот претседател на Русија, го избира Путин за премиер и за свој наследник. „Не знам зошто Елцин ме избра мене“, уверува Путин. Тој не се согласува да ја прифати премиерската функција веднаш, но кога сепак го прифаќа предлогот, долго време не е убеден дали Елцин нема да се премисли. Најмногу од сè Путин, според него самиот, стравува за судбината на своите деца и се грижи „каде да ги скрие“, ако се случи нешто и ако неговиот живот се најде во опасност.

За Елцин Путин се сеќава со почит и вели дека тој никогаш не се плашел да преземе одговорност и тоа била една од неговите силни страни. Во исто време тој не ја побива репликата на Стоун за проблемите на првиот претседател со алкохолот: „И тоа беше вистина“.

Недовербата на САД и на НАТО

За време на една од последните посети на претседателот на САД Бил Клинтон на Русија Путин, чие управување тогаш само што започнува, на полу шега му рекол дека можеби вреди Русија да влезе во НАТО. „Клинтон рече: 'Зошто не, немам ништо против', но целата американска делегација стана доста нервозна“, се сеќава тој. Тој е убеден дека САД му ја диктираат на НАТО својата волја и затоа не би дозволиле Русија, како држава со независно размислување, да стане член на Алијансата.

Во разговорот со Стоун Путин повторно го нагласува она што неколкупати веќе го има кажано: несогласувањата помеѓу Русија и Западот, според него, се условени од неподготвеноста на САД - водечка земја во западниот свет, да развие дијалог со Русија. Путин е убеден дека САД се сметаат за единствена голема светска држава, што предизвикува империско размислување и агресивна надворешна политика. „Тоа доведува до неуспеси и проблеми“, смета рускиот политичар.

Жив пример за случај во кој САД дејствуваат спротивно од сопствената реторика против Русија, според Путин, е војната во Чеченија. Тогаш, смета претседателот, одредени кругови во Вашингтон ги поддржувале чеченските сепаратисти не само политички, туку и финансиски - тој располагал со докази кои своевремено ги споделил со претседателот Џорџ Буш помладиот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња