Претседателот на Русија Владимир Путин држи чаша шампањско на церемонијата на примањето на акредитациите на странските амбасадори во Кремљ. 9 ноември 2016, Москва, Русија.
Михаил Мецел / ТАССЗа разлика од САД, каде за 15 години платата на претседателот не е изменета, во Русија приходите на првите луѓе постојано се менува.
Во 2013 година приближната месечна заработка на претседателот на Русија Владимир Путин изнесувала 306 илјади рубли (9.500 американски долари). За дванаесет месеци тој добил 3.672.000 рубли (115.000 американски долари). Следната година неговите приходи нагло пораснале и надминале 640 рубли месечно (16.000 американски долари) или 7.7 милиони рубли годишно (193.000 американски долари).
Но, веќе пролетта 2015 година на фонот наглото колебање на националната валута, Путин себеси си ја намали платата за 10%. Сепак, во 2015 година тој заработил 8.9 милиони рубли (137.000 американски долари), односно околу 740 илјади рубли месечно (11.500 американски долари. Намалувањето на платата треба да се одрази и во следната декларација за тековнава година.
Првиот човек на државата традиционално заработува колку и другите во Кремљ. Сепак често првите луѓе на Кремљ не ги интересира својата плата.
„Јас, да бидам искрен, не знам ни колкава ми е платата – ми ја носат, ја ставам на сметка и не ја пребројувам“, рече еднаш Владимир Путин.
Јавното отчитување за сопствените приходи на службениците е задолжително од времето на првиот претседател на Русија Борис Елцин во 1997 година. Како што е редот во март 1998 година првиот човек започна прво од себе со пополнувањето на анкетата. Својот имот и вкупниот приход Елцин ги проценил на 1 милион 950 илјади 324 деноминирани рубли (325.054 американски долари). Оваа цифра е добиена од сумарната плата, хонорарите за книгата „Записки на претседателот“ и од каматите од влоговите во Сбербанк во Русија.
Денес историчарите располагаат и со податоци за платите на советските лидери.
„Во декември 1947 година Сталин како претседател на Советот на министри добивал 10 илјади рубли. Сепак, не е јасно дали во оваа сума влегувала и неговата плата како секретар на ЦК, а тоа се уште 8 илјади рубли“, вели Олег Хлевњук, кој е специјалист за сталинскиот период.
Освен тоа, генералниот секретар требал да добува хонорари за повеќемилионските тиражи на неговите трудови. Познат е случајот кога Сталин на своите другари од детството во Грузија им испратил голема сума пари (40 илјади рубли).
За споредба: средниот годишен приход на еден советски граѓанин во тој период изнесувал 7.200 рубли, а месечниот 600. Паричните приходи на селаните во 1950 година изнесувале помалку од 100 рубли месечно по лице.
Притоа, Хлевњук препорачува воопшто да не се обрнува внимание на официјалните примања на советските раководители. Колкави и да биле, за одржување на викендичките, за обезбедување и за опслужување се трошеле милиони рубли.
„По 1947 година татко ми при нашите ретки средби ме прашуваше дали ми се потребни пари, а јас му одговарав дека не ми се потребни, - пишува ќерката на водачот Светлана Алилуева. – Лажеш, велеше тој, - колку ту се потребни?“
За односот на првите луѓе на земјата кон парите убаво говори еден недамнешен случај со Елцин. Борис Николаевич дошол на отворање на еден домашен синџир бистроа „Руское бистро“, си зел јадење и тргнал кон касата.
Тој в џеб, секако, немал пари, но му помогнале соработниците. Сепак, Елцин извесно време не можел да се ориентира колку треба да плати и со чудење ги меткал парите во рацете – ете колку се одвикнал од тоа да има работа со пари.
Претседателот на Русија Борис Елцин во руско бистро во подземен трговски центар. 6 септември 1997, Русија. Извор: Александар Чумичев / ТАСС
Целиот текст на руски: https://lenta.ru/articles/2016/11/15/their_salary/
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче