По тренингот Путин, кој инаку се занимава уште од детство со оваа боречка вештина, со насмевка на лицето ја коментираше за телевизијата „ЛајфЊуз“ борбата со девојката. „Kолку тврдоглава девојка. Вели: Морам да ве соборам! Ама се закачи!“.
Партнер на претседателот на тренингот беше и селекторот на руската репрезентација во џудо Ецио Гамба, со кого руските спортисти постигнаа невидени резултати, од кои најголем успех е Олимпијадата во Лондон 2012 година, пренесува „Взгљад“.
По тренингот Путин му врачи пасош на Руската Федерација на Гамба, кој претходно имаше поднесено барање за руско државјанство.
Видео-снимката од тренингот ја објави на „Јутјуб“ телевизијата „РТ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче