Владимир Путин е роден во Ленинград (поранешното име на Санкт Петербург) на 7 октомври 1952 година. Неговите родители ја преживеаја Опсадата на Ленинград, но неговиот брат починува во текот на нацистичката окупација. Путин студира право на Државниот универзитет Санкт Петербург и по дипломирањето во 1975 година почнува да работи во КГБ (Комитет за државна безбедност) каде што служи до 1990, по што се префрли во Градскиот совет на Ленинград.
Путин е мајстор во самбо и џудо и е одличен скијач. Разведен, има две ќерки и е православен христијанин.
Кога стана претседател на Русија, поп-групата Singing Together ја објави песната „Мораш да бидеш како Путин“ (You Must Be Like Putin).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче