„Интервјуата со Путин“ на Оливер Стоун: нуклеарна војна, Сноуден и слобода

SHOWTIME/YouTube
„Шоутајм“ (Showtime) продолжува со емитување епизоди од филмот во четири продолженија на Оливер Стоун за Владимир Путин. Во вториот дел познатиот режисер и рускиот претседател разговараат за опасноста од нуклеарна војна помеѓу Русија и САД и за судбината на Едвард Сноуден, поранешниот соработник на ЦИА, кој се крие во Русија.

По емитувањето на првиот дел на филмот „Интервјуата со Путин“ (The Putin Interviews) американскиот печат го обвини авторот Оливер Стоун дека има пристрасност и пројавува излишни симпатии кон претседателот на Русија Владимир Путин. „Стоун воопшто не изгледа скептичен“, забележува „Варајати“ (Variety). „Ласкање, но малку скептицизам“, се согласува и „Њујорк тајмс“ (The New York Times).

Патем, самиот режисер реагира спокојно на критиките: според него филмот му помага на западниот гледач да види една алтернативна гледна точка, што е многу важно во момент во кој помеѓу Русија и Западот постои затегнатост. „Путин знаеше дека ќе го ислушам објективно“, рече Стоун во „Лејт шоу“ (The Late Show). „Мислам дека треба да се погледне филмот“. На 13 јуни во етерот на „Шоутајм“ излезе втората епизода од серијата. За што зборуваат Стоун и Путин во неа?

Нуклеарно оружје и Трета светска војна

Во врска со проблемот со распоредувањето на системите за ПРО во Европа, Путин потсетува: Русија им предлагаше на САД и Европа да развијат заеднички системи за ПРО, но Западот одби. „За да го сочуваме стратешкиот баланс на силите, принудени сме да развиваме наши ударни ракетни системи“, коментира рускиот лидер.

Путин истакна дека Русија може да се покаже опкружена со системите на западното оружје. Слична закана ја принудува да ја засилува воената моќ, што за возврат води до нова трка за вооружување. „Ова е голема грешка“, смета Путин.

На прашање на Оливер Стоун „При евентуална 'жешка' војна, дали САД ќе доминираат?“, Путин возвраќа: „Не“. Според политиката, ако меѓу Русија и САД / НАТО всушност се случи војна, никој нема да преживее - и ракетно-нуклеарните штитови тука играат повеќе негативна улога, бидејќи тие само создаваат илузија за заштита. Единствениот излез од сложената ситуација, според него, е да продолжи дијалогот, колку и да е тежок тој.

Сноуден кој пребега во Москва

Едвард Сноуден, поранешен соработник на ЦИА, кој на медиумите им откри информации што докажуваат дека САД следеле граѓани на САД и на други држави, доби политички азил во Русија во 2013 година. Во одговор на прашање на Стоун дали Путин го поддржува стореното од Сноуден, претседателот вели: „Не. Ако нешто не му се допаднало на работното место, требал само да го напушти“.

Сепак Путин не го смета Сноуден за предавник и тврди дека тој не ѝ предавал на Русија тајни информации за САД. Освен тоа Путин го споделува мислењето дека американските власти отишле предалеку во следењето на своите државјани и на жителите на другите земји: „да се шпионираат своите сојузници е едноставно непристојно“.

Американците, потврдува Путин, ја молеа Русија да им го предаде Сноуден, но Москва ги одби. Политичарот го потсетува Стоун дека Русија им предлагала на САД да потпишат договор за соработка со кој се предвидува меѓусебно предавање на криминалци, но Американците одбиле. А, Русија нема намера еднострано да го екстрадира Сноуден кој во никој случај не го прекршил руското законодавство.

Гејови, слобода на говорот и демократија

Стоун му поставува на Путин голем број прашања за внатрешната ситуација во Русија: колку тамошното ЛГБТ-општество живее безбедно, дали се почитува слободата на говорот и дали воопшто таа земја може да се нарече демократија или, како што сметаат нејзините западни критичари, таа е традиционалистичкa авторитарна држава.

Правата на хомосексуалците и лезбејките, според Путин, во никој случај не се ограничени во Русија. „Немаме никакви прогонства според сексуалната ориентација“, истакна политичарот, додавајќи дека многу луѓе со нетрадиционална ориентација во Русија постигнуваат големи успеси. А, постојниот закон во земјата кој ја забранува геј-пропагандата кај малолетниците, според Путин, е создаден исклучиво со цел грижа за адолесцентната генерација. Во исто време претседателот е согласен со репликата на Стоун дека Русија е прилично конзервативна земја, макар и не толку колку што се исламските држави.

Путин е убеден дека во Русија сè е во ред и со слободата на говорот. „Имаме стотици телевизиски и радио компании, државата воопшто не ги контролира. Тоа е едноставно невозможно“, вели тој за Стоун. Кога станува збор за демократијата, политичарот тврди дека Русија сепак се разликува од западните земји со вековни традиции во менувањето на власта: со векови тука имало монархија, потоа неколку децении управуваа комунистите и дури во деведесеттите години од минатиот век дојде времето на слободата. „Се разбира, невозможно е да се замисли дека денес или утре кај нас ќе настапат истите правила како во САД, Германија или во Франција“, признава претседателот. „Општеството треба да се развива постепено, етапно“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња