Претседателот на Русија Владимир Путин, десно, во текот на приемот организиран од претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудхјоно во чест на шефовите на државите и владите на земјите-членки на АПЕК на Самитот одржан 2013 година на Бали. 7 октомври 2013.
Михаил Климентјев / РИА НовостиСвојот 61 роденден во 2013 година Путин го дочека на средбата на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (АТИС) на индонезискиот остров Бали. Тогаш организаторите на средбата решија да му го честитаат на претседателот на Русија, при тоа на високо ниво - претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудојоно лично ја зграпчува гитарата, за да си акомпанира, и го пее евергринот „Happy Birthday To You“. Останатите лидери на АТИС, вклучувајќи ги и претседателот на НР Кина Си Ѓинпин и претседателот на Јужна Кореја Пак Кин Хах, потпевнуваат и аплаудираат.
Путин му се заблагодари на Јудојоно на индонезиски јазик, истакнувајќи дека претседателот на Индонезија ја „исполнил прекрасно“ песната. Според Путин овој роденден на Бали бил скромен - испи чаша вотка со кинеските партнери подоцна.
Во 2013 година, на отворањето на изложбата на индустриски иновации во германскиот град Хановер, канцеларката на Германија Ангела Меркел му подари на Путин часовник со кукавица и сo грбот со германскиот орел. Впрочем, новиот часовник не го спречи рускиот лидер да задоцни четири часа на средбата со Меркел една година подоцна.
Ангела Меркел и Владимир Путин. Извор: EPA / Vostock-photo
Според раскажувањата на личниот познаник на Путин и прв човек на Сбербанк Герман Греф причината за доцнењето не е непочитување од страна на Путин, а стремеж да го ислуша до крајот секој соговорник, дури и тоа да значи одложување на распоредот на неговите средби.
Во Бахреин, мала островска држава во Персискиот залив, како и во сите земји од Блискиот Исток, го знаат значењето на статусот на подароците. Затоа кога кралот на Бахреин Хамад ибн Иса ал Калифа пристигна на работна посета во Москва во февруари 2016 година, со себе донесе специјален подарок за Путин - меч од дамаск-челик со рачка и ножница од скапоцени метали, со силен назив „Меч на победата“.
Извор: Михаил Климентјев / ТАСС
Кралот му го додели мечот на Путин за време на лична средба и претседателот на Русија не му останува должен. Тој му го подари на кралот на Бахреин жребето Хаџибек од ахалтекинската раса. Сечиво во замена на коњ - такви подароци највлијателните луѓе разменуваат уште во средниот век.
На Путин исто така му подаруваа коњи, кучиња, дури и тигар. Коњи му имаат подарени гувернери и претседатели од средноазиските републики (Киргистан и Туркменистан), а еднаш јорданскиот крал Абдула II, како гест на својата великодушност, му подари на Путин коњ од најмалата раса во светот - во 2005 година на хиподромот во Казањ му пристигна коњ од раса фалабела, чиј раст е само 57 сантиметри, а на животното му беше дадено името Вадик.
Владимир Родионов / РИА Новости.
Своето прво куче, лабрадорот Кони, Путин го добива во 2000 година од Сергеј Шојгу (тогаш министер за вонредни ситуации). Токму тоа куче ја исплаши Ангела Меркел за време на нивниот состанок во 2007 година. Во 2010 година кученцето Бафи е подарено од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, а во 2011 година уште едно куче испраќа гувернерот на јапонската префектура Акита - во знак на благодарност за помошта што ја добива од Русија при ликвидирањето на последиците од трагедијата во Фукушима. Како одговор на гестот Путин испрати во Јапонија сибирски мачка која гувернерот ја нарече Мир (Свет).
Алексеј Дружинин / РИА Новости
Во 2008 година, кога Владимир Путин е на функцијата премиер, добива за својот роденден усуријски тигар. Путин признава дека ова е најоригиналниот подарок кој некогаш го добил.
А, мечка уште никој не му подарил. Можно е причината да се крие во тоа дека неговиот претходник Борис Елцин не беше воодушевен од ваквиот подарок. Владимир Шевченко, шеф на кремљскиот протокол на Елцин, се сеќава дека првиот руски претседател еднаш прашал: „Да не сте спобудалеле?“, кога дознал дека во Кремљ, врзан со синџир, стои подарен мечок.
Алексеј Никољскиј / РИА Новости
Во март 2016 година Путин пристигнува во инспекција на новата одбранбена фабрика во Нижни Новгород, која произведува компоненти за ракетни системи (С-400, планиран е употреба и на С-500 и др.) Таму му подаруваат копија на механизам за употреба на радиолокациската станица „Небо-М“ за откривање на странски воздухоплови.
Михаил Климентјев / РИА Новости
„Ова е клуч кон мирното небо“, рече генералниот директор на концернот „Алмаз-Антеј“ Јан Новиков (фабриката е дел од неговата структура) при врачувањето на подарокот. „Од мирното небо клуч има само Господ“, сурово одговори претседателот. „А, овој ќе се најде“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче