Претседателот на РФ Владимир Путин, одговарајќи на прашање на учениците во „Сириус“, раскажа дека во школата за разузнавање го користел псевдонимот „Платов“.
„Што се однесува до прекарите – тоа е псевдоним. Јас, како што знаете, почнав со работа во органите за надворешно разузнавање, користев тогаш понекогаш од неопходност технолошки псевдоними. Во школата за разузнавање учев кога го имав псевдонимот „Платов“, изјави шефот на руската држава.
Претседателот на Русиа изјави дека сега користењето на псевдоними за него „едноставно не е убаво“. „Никаков прекар, се разбира, не би одбирал за себе, едноставно би бил со сопственото име. Зар е нормално тоа за сите, зошто да се кријат зад некакви псевдоними?“, изјави Путин. Тој превицизираше дека криењето зад измислено име имало смисла во рамките на работата во разузнавањето, сега е обратно – „ако човек прави нешто достојно, интересно, со што може да се гордее, напротив, треба да се каже кој го сторил тоа“, рече Путин, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче