Кога главната улога ја игра тенк: 5 филмови за кои Т-34 можеше да освои Оскар

Кадар од филмот „Т-34“, Русија, 2018.

Кадар од филмот „Т-34“, Русија, 2018.

Легендарниот советски Т-34 се појави во многу филмови како спореден или главен лик. Ви претставуваме некои од најдобрите.

1. „Т-34“ (Алексеј Сидоров, Русија, 2018)

Воениот филм „Т-34“ стана вториот најуспешен филм во историјата на руската кинематографија, со моментална заработувачка од 2,2 милијарди рубли (повеќе од 30 милиони долари).

2. „Тенкови“ (Ким Дружинин, Русија, 2018)

Инженерот Михаил Кошкин настојува по секоја цена да се сретне со Сталин за да го убеди во супериорноста на тенкот Т-34 кој самиот го дизајнирал. Кошкин и неговиот тим во тенк поминуваат повеќе од 2000 километри пред нацистичка Германија да го нападне Советскиот Сојуз.

3. „Белиот тигар“ (Карен Шахназаров, Русија, 2012)

Преживеаниот и тешко ранет возач на тенк се присетува како неговата единица ја уништил германски тенк со зимска камуфлажа кого го нарекувале „Белиот тигар“. Филмот (полн со скапоцени кадри со Т-34) се темели на романот „Возач на тенк“ на рускиот писател Иљја Бојашов.

4. „Сталинград“ (Јозеф Филсмаер, Германија, 1993)

Филмот следи германски јуришен баталјон кој напредува кон Сталинград. Во ужасната, најпознатата сцена, гледаме осудени германски војници и тенкови Т-34.

5. „Тенковска бригада“ (Иво Томан, Чехословачка, 1955)

Филмот ја прикажува борбата на чехословачката тенковска бригада која во Втората светска војна се бореше заедно со Црвената армија. Во спектакуларните призори на битката статирале 3000 припадници на чехословачката војска! И многу тенкови Т-34!

Прочитајте повеќе: Пет нови руски филмски хитови за Втората светска војна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња