Советскиот Т-34 се покажа како „смртоносно изненадување“ за Вермахтот кој го нападна СССР откако ова борбено возило било подобро од сите германски модели, пишува неделникот „Стерн“.
Според написот, германските тенкови Pz I, II и III биле „обични играчки“ во споредба со Т-34 кој поседувал моќно вооружување, одлични маневарски способности и наведнат преден оклоп, непробоен за стандардните противоклопни средства на Вермахтот.
Германскиот неделник како една од тајните за успехот на оваа советска воена машина ја наведува едноставната и генијална конструкција со која била овозможена масовно производство на тенкот.
Се истакнува и дека покрај производство на нови видови тенкови како одговор на Т-34 Вермахтот не успеал да набави возило кое би можело да се натпреварува со „триесет и четворката“ во маневарските способности и проодноста по разновидни терени.
Авторот на текстот исто така ја истакнува и погонската група на тенкот Т-34 која е составена од визем мотор со V-облик од типот В-2, назив револуционерен за своето време. Наследниците на овој мотор денес се користат во современите руски борбени возила, како што е тенкот Т-90.
Т-34 е легендарен советски основен борбен тенк од Втора светска војна, а во масовно производство влегол во 1940 година. Тоа бил главниот тек на Цврената армија сѐ до првата половина на 1944 година кога е воведена модернизираната верзија Т-34/85.
Многумина експерти, вклучувајќи ги и германските генерали, го нарекуваат Т-34 еден од најдобрите тенкови на Втората светска војна.
Да потсетиме дека во февруари беше изведена уникатна операција на вештачење на стара германска филмска лента на која е пронајден аудиозапис на германски јазик за употребата на противоклопната муниција „Panzer-granate 40“ против тенковите Т-34.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче