Паричен додаток за прво дете за родителите во Русија

Кирил Брага/RIA Novosti
Во Русија на родителите за прво дете ќе им се исплаќа месечен паричен додаток, најави претседателот на РФ Владимир Путин на седницата на Координативниот совет за спроведување на националната стратегија за деца.

Додатокот ќе зависи од висината на минималната потрошувачка кошничка за деца, утврдена во одреден регион. Во просек наредната година тој ќе изнесува 10523 рубли (околу 150 евра), во 2019 година родителите ќе добиваат 10836 (154 евра ), додека во 2020 година ќе се исплаќаат 11143 рубли (околу 160 евра). Поединечните исплати ќе стартуваат од јануари.

Како што се нагласува, се работи за една од новите мерки за поддршка на руското семејство.

„Потребна е активна, доследна работа во сите правци, и на намалување на морталитетот, и на стимулирање на наталитетот. Фактички би требало да се ресетира нашата политика за демографски развој“, изјави шефот на руската држава.

Путин исто така предложи да се продолжи важноста на социјалната програма за мајчински капитал до крајот на 2021 година и да се прошири нејзината примена. Тој се заложи за почнување на програма за хипотекарен кредит со специјални поволности за семејствата кои по 2018 ќе добијат второ или трето дете, додека на членовите на владата им даде налог со претставниците на регионите да изработат план за реконструкција на детските поликлиники, за што треба да се издвојат 50 милијарди рубли.

Путин исто така нагласи дека проблемот со недостатокот на места во детските градинки е практично решен. Како што нагласи тој, во наредните две години во јаслите ќе има 326 илјади нови места за најмладите.

„Јакнењето на институцијата семејство и создавањето еднакви можности за развој на сите деца за нас и понатаму ќе има приоритетно значење“, истакна претседателот на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња