Во Украина е укинат законот за регионалниот статус на рускиот јазик

Во Украина е укинат законот „За државната јазична политика“. која дозволуваше официјален статус на рускиот и другите недржавни јазици на територијата на републиката. Ова решение го прифати Врховната Рада.

Во Украина е укинат законот „За државната јазична политика“. која дозволуваше официјален статус на рускиот и другите недржавни јазици на територијата на републиката. Ова решение го прифати Врховната Рада.

За укинување на законот гласале 232 пратеника од 450. Решението го поддржало мнозинството пратеници од опозициските фракции, а во целосен состав за укинувањето гласаше националистичката фракција „Свобода“.

Законот за јазична политика беше донесен по иницијатива на владејачката Партија на регионите во 2012 година. Со него се предвидува во регионите на Украина, каде на одреден јазик зборуваат повеќе од 10% од населението - да му се додели статус регионален јазик. Тоа означувале дека на тој јазик ќе може да се користи на сите нивоа на општествениот и административниот живот.

После прифаќањето на законот, рускиот јазик беше официјално прифатен за регионален во неколку градови и области на Украина. Во некои населени места таков статус добија романскиот и унгарскиот јазик. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња