Пет нови руски филмски хитови за Втората светска војна

Кадар од филмот „Т-34“

Кадар од филмот „Т-34“

Кинопоиск
Епски тенковски битки, шпионски игри и бегства од заробеништво – овие блокбастери ќе ве натераат да отидете на кино.

1. T-34

Годината е 1941 и советскиот тенковски командант, поручникот Ивушкин, го заробуваат нацистите. Германците од него бараат да обучува тенковски екипаж составен од други воени заробеници за да можат нацистите да вежбаат гаѓање врз нив. Се разбира, затворениците не добиваат муниција. Како што можете да претпоставите, поручникот има скриен план во ракавот.

2. Собибор

Овој филм се базира на единственото успешно масовно бегство од нацистички логор на смртта. На 14 октомври 1943 година преку 300 затвореници под водство на советскиот поручник Александар Печерски се пробија покрај стражарите од нацистичкиот логор Собибор и низ минското поле за оградата. За жал, мал број од оние кои побегнаа го дочекаа крајот на војната.

3. Нема да се збогуваме

Октомври 1941 година. Германските трупи напредуваат кон градот Калинин (денес Твер), клучната стратешка точка која води право кон Москва. Советските војници и цивили кои одбиваат да го напуштат градот се подготвени да ги ризикуваат своите животи за да го одбранат градот. За да нештата бидат уште полоши, освен за доаѓањето на нацистите, тие мораат да водат сметка и за германските шпиони кои се наоѓаат во Калинин.

4. Неуништливиот

Овој филм е посветен на екипажот на советскиот тенк КВ-1 предводен од поручникот Семјон Коновалов. На 13 јули 1942 година тие збришаа 16 непријателски тенкови и самоодни топови. Вистински херои на Советскиот Сојуз!

5. Војната на Ана

Целото семејство на шестгодишната Ана е масакрирано, додека таа за чудо успева да избега. Се крие во празна соба во куќа на германски командант. Принудена е да живее така сѐ додека нејзиното село не биде ослободено, но не е секогаш лесно да се биде невидлив.

Прочитајте повеќе: 5 најдобри современи руски филмови за Втора светска војна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња