Услови за користење материјали од Russia Beyond

Овие Услови за користење на материјали од Russia Beyond (во понатамошниот текст „Услови“) го регулираат редоследот и условите за користење материјали кои се поставени на Интернет-порталот rbth.com (Свидетелство за регистрација на средства за масовно информирање ЭЛ № ФС 77 – 69173 од 24.03.2017 година), чиј основач е АНО „ТВ-Новости“ (во понатамошниот текст „Сајт“), и материјалите поставени на соодветната мобилна апликација Russia Beyond (во понатамошниот текст „Апликација“). Во понатамошниот текст како заеднички назив за Сајт и Апликација се користат „Сервиси“.

Со добивањето пристап кон Сајтот, со прегледување или користење на Сајтот и/или на Апликацијата, ги прифаќате Условите во целосен обем, без никаков исклучок, а се обврзувате дека ќе ги почитувате Условите. Доколку не се сложувате со Условите, должни сте веднаш да го прекинете користењето на Сервисот и немате право да ги користите материјалите поставени на Сервисите. Користењето Сервис под какви било други услови, поинакви од содржината на Условите, е можно само со претходна писмена согласност на АНО „ТВ-Новости“ (во понатамошниот текст „Russia Beyond“).

Russia Beyond има право од време на време еднострано да ги менува Условите, без какво и да е известување за тие измени. Измените внесени во Условите стапуваат на сила од моментот на нивното објавување на Сајтот и/или на Апликацијата. Ве молиме редовно да ги проверување Условите. Доколку не се сложувате со измените на Условите, должни сте веднаш да го прекинете користењето на Сервисот. Вашето понатамошно користење на Сајтот и/или на Апликацијата по датумот на измената на Условите ќе значи Ваша согласност со измените на Условите.

За нас

Сопственик на Сајтот и на Апликацијата е Автономната непрофитна организација (АНО) „ТВ-Новости“, правна адреса: 111020, г. Москва, ул. Боровая, д. 3, корп. 1. Со нас можете да контактирате и телефонски на +74997500075 или по телефакс на +74997500078.

Користење на материјалите

Користењето на материјалите кои се поставени на Сервисите е дозволено само во согласност со редот кој е предвиден во Условите. Од сите материјали кои се поставени на Сервисите имате право да ги користите само материјалите кои имаат формат на книжевно дело во вид на статија, текстови и раскази, со исклучок на литературни дела кои се поставени со напомена дека правото за определеното дело ѝ припаѓаат на „Российская газета“ (во понатамошниот текст „Дозволени Материјали“). Во Дозволени Материјали не спаѓаат и немате право да ги користите: сите дела поставени на Сервисите доколку на страницата на којашто се поставени постои напомена дека правата на соодветното дело му припаѓаат на весникот „Российская газета“, а исто така и следните дела поставени на Сервисите: фотографски дела и дела добиени на начин кој е еквивалентен на фотографија, аудио-визуелни дела, дела од сликарството, графиката и дизајнот, како и други дела од ликовната уметност, а исто така и линкови, хиперлинкови, ГИФ-фајлови, апликации, игри, рекламни содржини и друго, со исклучок на случаите кадешто Russia Beyond тоа експлицитно го дозволува.

Под користење на Дозволени Материјали во Условите се подразбира користење на Дозволените Материјали исклучиво за некомерцијални цели на еден од следниве начини: запознавање на пошироката јавност со Дозволените Материјали и превод на Дозволените Материјали на кој било странски јазик. Имате право без надомест да ги користите Дозволените Материјали на еден од начините кои се наведени во Условите, на територијата на сите земји од светот исклучиво со почитување на следниве услови:

- при запознавање на пошироката јавност со Дозволените Материјали потребно е да се укаже дека сопственик на авторските права на Дозволените Материјали е АНО „ТВ-Новости“, а исто така неопходно е да се постави и хиперлинк кон соодветните Дозволени Материјали кои се поставени на Сервисите;

- при користење на преводи на Дозволените Материјали потребно е да се укаже дека изворот на преводот на материјалот чиј сопствени на авторските права е АНО „ТВ-Новости“ со задолжително поставување хиперлинк кон Дозволените Материјали чиј превод се користи, поставен на Сервисите. Покрај тоа, при користење превод на Дозволените Материјали треба да се наведе дека автор на преводот не е АНО „ТВ-Новости“.

Користењето на Дозволените Материјали во согласност со Условите е дозволено под услов почитување на правата на авторот на соодветните Дозволени Материјали.

Забрането е какво било користење на Дозволените Материјали поставени на Сервисите доколку тоа се реализира со кршење на редот и начинот укажани во Условите.

Условите се регулираат и се толкуваат во согласност со законодавството на Руската Федерација.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња