Во рускиот град Калининград еден верен хаски во светлосин џемпер секој ден осум часа ја чека својата газдарица да излезе од работа.
На секој еден час оваа жена излегува на десет минути да го прошета песот, а четириесетминутната пауза исто така му ја посветува на својот миленик. „Тој е тажен бидејќи не сум тука, здодевно му е. Покрај тоа, и да не го врзам, тој повторно си лежи на истото место и чека да излезам“, рече таа.
Газдарицата живее во изнајмен заеднички стан, таканаречена „комункалка“ и не може да го остави песот таму, на кого и комшиите би можеле да се жалат. Доколку случајно завива, веднаш би нé исфрлиле, би завршиле на улица, објаснува сопственичката на песот.
Таа рече дека го добила песот додека бил кученце, бесплатно, наместо пари за парење. „Го зедовме татко му од прифатилиште. По месец дена го продадовме младото. Плачев од седум навечер до четири наутро, многу го имав засакано. Наредниот ден како по некој повик одозгора ни заѕвонија новите газди и ни рекоа да го земеме затоа што неподносливо квичи и пишти“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче