Руските граничари го добија на пробно користење амфибиското теренско возило ТМ-140

Ростех
Пробниот модел на амфибиското гасенично теренско возило ТМ-140 пристигна во единиците на руски граничари пробно-експериментални испитувања. Новата техника ќе ги демонстрира своите способности на границата со Казахстан во Звериноголовскиот реон на Курганската област.

Според зборовите на директорот на инженерскиот центар на „Курганмашзавод“  Павел Весјоли, зимските и пролетните месеци биле намерно избрани за тестирање. Ниските температури, снежните врнежи, тешкиот терен кога се топи снегот, како и совладувањето на мочуриштата - тоа се всушност идеалните услови за проверка на амфибиско теренско возило.

„Во суштина, ТМ-140 би можел да стане базна точка за граничарите, продолжувајќи го на тој начин времето на нивното присуство на границата во сите временски услови, бидејќи возилото има простран автономен патнички модул“, објаснува раководителот на инженерскиот центар.

Како што соопштува прес-службата на државната корпорација „Ростех”, пограничната верзија на теренското возило ТМ-140 беше претставена на меѓународниот военотехнички форум „Армија-2019”. За заштита на посадата е предвиден модул со митралез КМВТ калибар 14,5 мм.

Возилото го движи дизел-мотор од 250 коњски сили со дополнителен турбо-полнач. Возилото тежи над 13 тони и може да носи над 4000 килограми товар. Седум лица или три места за спиење можат да бидат сместени во кабината. Максималната брзина на пат изнесува 45 км/час, а максималната брзина на пловидба 4 км/час. Со полн резервоар може да помине 600 км.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња