Воената драма „Т-34“ стана вториот најгледан руски филм во историјата

Кадар од филмот „Т-34“

Кадар од филмот „Т-34“

Kinopoisk.ru
Според приходот остварен на кино-благајните, воената драма „Т-34“ го остави зад себе филмот „Пиратите од Карибите: Мртвите не раскажуваат приказни“ и стана вториот руски и третиот кога било прикажан (по „Аватар“) филм во руските кина, изјави продуцентот Рубен Дишдишјан.

Според податоците на Единствениот автоматизиран информациски систем, филмот „Т-34“ остварил заработка од 2,2 милијарди рубли. Претходно министерот за култура на Русија Владимир Медински, врз основа на расположливите информации, прогнозираше дека „Т-34“ ќе се најде на второто место по гледаност и на странски и на домашни филмови, вклучувајќи ги и холивудските по 1992 година, дека ќе ги „претекне“ „Пиратите од Карибите“ и ќе го заземе второто место, веднаш зад „Движење нагоре“. 

Дејствието на блокбастерот „Т-34“ е сместено во времето на Втората светска војна. Откако ќе се најде во германско заробеништво, довчерашниот кадет Ивушкин планира одважно бегство. Тој го собира својот екипаж и со легендарните „триесетичетворки“ им упатува предизвик на германските тенковски асови. Поради својата љубов и татковината е подготвен да оди до крај.

Во главните улоги се појавуваат Александар Петров, Виктор Добронравов и Ирина Старшенбаум. Премиерно беше прикажан на 1 јануари оваа година, а светска премиера имаше на 11 јануари.

Спортската драма „Движење нагоре“, за победата на кошаркарската репрезентација на СССР над САД во последните моменти од средбата и освојувањето на олимпиското злато, премиерно беше прикажана на 28 декември 2017 година и со приход од преку три милијарди рубли стана најгледаниот филм во кино-дистрибуцијата во Русија. На церемонијата на врачување на признанието за најдобрите филмови во 2018 година „Златен орел“, која во организација на Националната академија за филмска уметност и наука беше одржана на крајот на минатата недела, „Три секунди за вечност“ беше награден во најмногу категории и освои вкупно шест статуетки.

Прочитајте повеќе: Пет нови руски филмски хитови за Втората светска војна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња