Русите прават ракета која ќе има двојно поголем дострел од „Томахавк“

Денис Абрамов/Sputnik
Американците загрижено реагираа на информацијата дека во Русија интензивно се работи на радикално унапредување на крстосувачките ракети кои ќе се базираат на бродови и подморници.

Според американскиот интернет портал „Национален Интерес“ (National Interest), ако првобитната верзија на ракетата 3М14 „Калибар“ има дострел од 1500-2500 километри, тогаш нејзината  модернизирана верзија „Калибар-М“ ќе може да достигне далечини кои се навистина огромни и кои надминуваат 4500 километри. Меѓутоа, за да се постигне тоа, потребно е да се зголемат димензиите на самата ракета, што како последица може да има и зголемување на нејзината боева глава.

„Изгледа дека зголемувањето на димензиите на крстосувачката ракета „Калибар-М“ нема позначително да влијае на нивното распоредување на пловни борбени платформи“, напоменува американското издание, пренесува рускиот интернет портал РГ. Имено, „Калибар-М“ може да биде поставена на површински бродови но и на јуришни подморници, вклучувајќи ги и новите подморници од класата „Јасен“.  

„Национален Интерес“ не ја исклучува можноста од постоење и други подобрувања кога е во прашање унапредената ракета. Авторите на текстот особено ги интересира нејзините системи за наведување, како и системот за противелектронско дејство кој сигурно ќе се најде во нејзината задолжителна опрема. Исто така, во публикацијата се наведува дека ракетата може да биде опремена со конвенционални и нуклеарни боеви глави.

Изданието ги потсетува читателите дека базичната верзија на ракетата „Калибар“ е веќе борбено употребена во текот на операцијата во Сирија, каде се уништени неколку копнени објекти. Во исто време ракетите беа лансирани и од подморници.

„Национален Интерес“ нагласува дека руската крстосувачка ракета првобитно е дизајнирана така што видно се разликува од постарите американски ракети „Томахавк“. Ако според авторот на публикацијата стандардниот „Калибар“ е малку подобар од американскиот конкурент, предноста на новата ракета „Калибар-М“ е повеќе од очигледна. Новата руска ракета го надминува американскиот пандан кога е во прашање максималниот дострел: 4500 км /1700 км. Покрај тоа, „Калибар-М“ ќе биде брза како и 3М14 „Калибар“ што значи дека и според тој атрибут ќе го надмине „Американецот“.

Публикацијата потсетува дека претставниците на Пентагон, и пред воопшто да се појават информациите за развојот на унапредената руска ракета, ја изразија својата загриженост што овие проектили се веќе достапни во Русија. Командантот на американската морнарица во Европа адмирал Џејмс Фого тогаш ја опиша „Калибар“ како  многу ефикасна ракета, чиј дострел овозможува да се достигне која било европска престолнина. „Тоа силно ме загрижува, како и сите наши партнери и пријатели од НАТО“, призна притоа американскиот адмирал.

„Ако „Калибар-М“ ги оправда своите очекувани способности, тогаш оваа опасност ќе стане уште поголема“, пишува „Национален Интерес“.

Во овој момент во вооружувањето на руската морнарица се наоѓаат крстосувачки ракети 3М-14  „Калибар“. Според достапните податоци, се работи за супсонични ракети со ефективен дострел до 2000 км. Се произведува во две верзии кои се употребуваат од површински бродови (Калибар-НК) и од подморница (Калибар-ПЛ). Конкретно, с овие ракети се вооружени ракетните фрегати од класата 22350, корветите од класата 21631 „Бујан-М“. Тука се наоѓаат и јуришните нуклеарни подморници од класата 885 „Јасен“, дизел-електричните јуришни подморници од класите 877 и 636.3 итн. Максималната маса на боевата глава на стандардните верзии на ракетата „Калибар“ е 500 кг. Тие беа многу успешно применети против терористички копнени цели во Сирија. Притоа беа лансирани од површински бродови и подморници.

Прочитајте повеќе: Започна проектот „Калибар-М“: Ракетата ќе лета 4500 км и ќе носи боева глава тешка 1000 кг

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња