Путин: Крстосувачките ракети „Калибар“ постојано ќе се наоѓаат во басенот на Средоземното море

Global Look Press
Претседателот на РФ нагласи дека годинава се планирани преку 100 различни поморски експедиции кои ќе бидат составени од површински бродови и подморници.

Крстосувачките ракети „Калибар“ постојано ќе се наоѓаат во басенот на Средоземното море, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во текот на еден од состаноците со највисоките офицери на руската армија.

„Во согласност со континуираната опасност која може да дојде од страна на меѓународните терористички групи кои се наоѓаат во Сирија, ние во водите на Средоземното море упативме воени бродови вооружени со крстосувачки ракети „Калибар“, а кои ќе се наоѓаат таму во режим на постојано борбено дежурство“, ги пренесуваат медиумите зборовите на рускиот претседател.

Путин нагласи дека за оваа година се планирани преку 100 различни поморски експедиции кои ќе бидат составени од површински бродови и подморници.

„Особено можам да го истакнам високиот степен на прикажаната увежбаност и координацијата која ја остварија нашите поморски екипажи на површинските бродови и подморници при активните борбени дејствија во Сирија“, рече Путин.

Тој истакна дека терористите претрпеле сериозни загуби при ударите со крстосувачки ракети, како и со борбените летала кои се наоѓаат во состав на палубната авијација. Особено се истакнале единиците на Воената морнарица кои уништиле голем број на важни објекти кога е во прашање капиталната инфраструктура што ја користеа терористите.

Сето тоа стана можно благодарение токму на високата борбена оспособеност на руската флота. Но нема да се запре на ова. „Во периодот што е пред нас ќе продолжиме со подигање на оперативните потенцијали на нашите поморски сили кои ќе се реализираат преку големи прекууокеански експедиции, вежби со боеви гаѓања, програми за дополнително градење на оспособеноста на нашиот персонал по пат на сѐ посложена обука итн.“, нагласи рускиот претседател.

Посебно внимание ќе се посвети на реализација на државната програма за модернизација на руските вооружени сили која во добар дел се потпира и на подигање на техничките способности на поморските единци. Најстрого ќе се оценува квалитетот на новото вооружување како и почитувањето на договорените рокови за негова испорака.

За време на операцијата во Сирија руските бродови врз позициите на терористите истрелаа преку 100 ракети „Калибар“ кои беа лансирани како од површински бродови така и од подморници.

Прочитајте повеќе: Колку ракети Русија истрела од море врз терористите во Сирија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња