Американски адмирал загрижен поради способноста на „Калибар“ да ја гаѓа Европа

Денис Абрамов/Sputnik

Американскиот адмирал Џејмс Фого ги нарече „импресивни“ способностите на руските ракети „Калибар“. 

„Шест нови подморници од класата „Кило“ во овој момент се наоѓаат во реонот на Црното море, а две од нив беа во Медитеранот од каде лансираа ракети „Калибар“. Ракетата „Калибар“ е импресивно средство. Тоа е крстосувачка ракета за уништување копнени мети. Лансирана од кое било од овие мориња, вклучувајќи го и Каспиското езеро, може да ја погоди секоја европска престолнина“, изјави командантот на американската воена морнарица во Европа и Африка и началник на командата на силите на НАТО на конференцијата на Атлантскиот совет во Неапол.

На 22 август руски бродови и подморници изведоа сто удари со проектили „Калибар“ врз позициите на терористите во Сирија. Како што се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана, погодени се вкупно 166 објекти.

Што е „Калибар“?

Ракетите „Калибар“ изворно се правени како вооружување за најновите повеќенаменски нуклеарни подморници од проектот 885 „Јасен“. Потоа се воведени и во вооружување на подморниците од проектот 636 на кои им припаѓа и „Велики Новгород“, како и површински пловила.

Дострелот на ракетата „Калибар“ изнесува околу 2,5 илјади километри. Првпат е користена против терористите во Сирија на 7 октомври 2015 година. Тогаш ракетниот брод од проектот 11661К „Дагестан“ и малите ракетни бродови од проектот 2163 „Град Свијажск“, „Велики Устјуг“ и „Углич“ лансираа 26 крстосувачки ракети од Каспиското езеро.

Оттогаш „Калибрите“ редовно се користат против терористите во Сирија.

Погледнете го видеото: Како работат руските ракети „Калибар” во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња