Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ќе има на 16-17 февруари на маргините на состанокот на Г-20 во Бон низа билатерални средби, на пример со шефовите на дипломатиите на САД и Германија – Рекс Тилерсон и Зигмар Габриел. Ова го соопшти портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува ТАСС.
„Лавров ќе одржи на маргините на „дваесетката“ во Бон состаноци со Тилерсон и Габриел“, изјави така. Покрај тоа, на маргините на состанокот „ќе се одржат голем број билатерални средби и контакти“.
„На 16 февруари во Бон се планирани средби на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров со шефовите на дипломатиите на САД и Германија – Рекс Тилерсон и Зигмар Габриел“, истакна Захарова. „Има информација за можноста за одржување средба со кинеските колеги, планирана е и се договара средба со шефовите на МНР Бразил и на ЈАР“.
Според неа, не е исклучено одржување и на дополнителни средби. На пример, на 17 февруари на маргините на Г-20 „се работи на одржување средби со шефовите на МНР Италија, Јапонија“. „Можни се и дополнителни контакти“, додаде таа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче