Според информацијата добиена од порталот Sportekz, таа сума не го опфаќа бонусот од телевизиските преноси.
Нурмагомедов првпат настапи во UFC 2013 година. Тогаш се бореше против Иранецот Камал Шалорус. Заработи 10000 долари и уште толку на име бонус, а за последната победа над Американецот Џастин Гејџи доби 3 милиони долари и уште 90000 долари како бонус.
Ноќта меѓу 24 и 25 октомври на турнирот UFC 254 во мечот за титулата шампион во лесна категорија (до 70,3 кг) 32-годишниот Нурмагомедов во втората рунда со задушувачки зафат го победи 31-годишниот Гејџи. По борбата Хабиб изјави дека ја завршува кариерата. Неговиот биланс во ММА е 29-0.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче