Видео: Како работат руските ракети „Калибар” во Сирија

Ракета „Калибар“ лансирана од подморницата „Велики Новгород“ на 14.09.2017.

Ракета „Калибар“ лансирана од подморницата „Велики Новгород“ на 14.09.2017.

Global Look Press
На интернет е објавена видео-снимка со резултатите од гаѓањето со крстосувачки ракети „Калибар” истрелани од подморницата „Велики Новгород” врз меѓународните терористи во Сирија.

Видеото е направено со помош на беспилотни летала на Министерството за одбрана на Русија кои имаа задача за објективна контрола на гаѓањето.

На снимката што ја објави ТВ-каналот „Ѕвезда” може да се види истрелувањето на ракетата од подморницата под вода. Потоа е прикажано како ракетата ја погодува првата цел: голем магацин за оружје и муниција на терористите во близина на населбата Абу Кемал во провинцијата Деир ез-Зор. Детонацијата е толку силна што беспилотното летало кое се наоѓа неколку километри во висина се занишува под дејство на ударниот бран.

Потоа крстосувачките ракети уништуваат командни пунктови и утврден реон со група терористи и оклопна техника.

Во текот на септември и октомври подморницата „Велики Новгород” изведе четири плотунски гаѓања со високопрецизни крстосувачки ракети „Калибар” врз објекти на терористичките сили на оддалеченост од 350 до 700 километри. Според податоците на објективната контрола, сите цели се успешно погодени.

Дизел подморницата „Велики Новгород” е петтата во серијата од шест подморници изградени за Црноморската флота на бродоградилиштето „Адмиралтејские верфи”. Подморниците од Проектот 636.3 „Варшавјанка” имаат подобра борбена ефикасност во споредба со претходните проекти. Тоа е постигнато со комбинација на нечујно движење и поголем домет на радарот за откривање на цели, примена на напредни системи за навигација и команда, како и со помош на моќно торпедно-ракетно вооружување. Подморницата може автономно да плови до 45 дена. Посадата ја сочинуваат 56 морнари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња