Најдолгата река во Европа

Волга го живее својот нов живот како туристичка дестинација. Извор: Lori / Legion Media

Волга го живее својот нов живот како туристичка дестинација. Извор: Lori / Legion Media

„Руска реч на македонски“ ви ја раскажува приказната за најдолгата река на стариот континент – Волга!

Волга е една од најголемите реки на Земјата и најдолгата во Европа. Таа е толку долга што нејзината утока и нејзиниот извор живеат на различни места. Нејзиниот тек започнува на Валдајската висорамнина, која се наоѓа по должината на Данска и на Северното море. Утоката, пак, се наоѓа кај езерото Комо и централна Франција. Кога кон крајот на јуни во делтата на Волга почнуваат да цутат лотосите, жителите на Волговерховје, село што се наоѓа на самиот нејзин извор, започнуваат со дочекот на летото.

Манастири што тонат во црните бранови на тајгите; рибарски населби со дрвени куќи и големи бетонски хидроцентрали; Волга – сребрени Валдајски кампанули и Астрахански лубеници, првата атомска бомба и бесконечни степи со овчари и овци; пустини, солени езера, десетици поплавени села и стотици спасени животи; лотоси што цутат налето и риби што се ловат со мрежи. Волга е Русија – бесконечна, безгранична, спокојна и бурна, со илјада лица што се огледуваат во нејзините бранови, полни со остатоци од историјата.

Древните Римјани ја нарекувале Волга „Ра“ – штедра, Маријците ја нарекуваат „Јул“ – пат. Балтичките племиња, кои живеат на нејзиниот извор, го користат називот „Илга“ – долга, а во арапските извори од деветтиот век таа се споменува под името „Атил“ – река на реките. Првото писмено споменување за Волга во старословенските извори е во „Повест на нашите времиња“, најраните зачувани литературни дела од дванаесеттиот век.

Сега на Волга се наоѓаат 22 православни манастири и престолнината на муслиманскиот Татарстан, милионскиот град Казањ. Во средината на 16 век, Казањ, престолнината на ханството, била непристапна крепост. Иван Грозни наредил да се изгради дрвен град-тврдина на падот на реката Свијага во Волга. Свијажск станал база на руската војска при опсадата на Казањ. Својата кулминација Свијажск ја доживеал со создавањето на Кујбишевскиот резервоар и, следствено, со поплавувањето на околните земјишта и на дел од населените места во 1957 година. Историскиот центар на Свијажск е сочуван благодарение на тоа што тврдината била изградена на стратешка височина. Така Свијажск се нашол на остров, отсечен од надворешниот свет, опкружен со водите на Волга. Не територијата на островот има 37 споменици на културното наследство, меѓу кои два манастира и седум цркви. Сега на ова место живеат околу 200 луѓе. 

Древните Римјани ја нарекувале Волга „Ра“ – штедра, Маријците ја нарекуваат „Јул“ – пат. Балтичките племиња, кои живеат на нејзиниот извор, го користат називот „Илга“ – долга, а во арапските извори од деветтиот век таа се споменува под името „Атил“ – река на реките.

Волга била сведок на Селската буна на Емелјан Пугачов и на востанието на Козаците, кои ги предводел Степан Разин во XVII-XVIII век. По соединувањето на базените на Волга и на Нева, во деветнаесеттиот век на реката започнале да работат 300 илјади бурлаци, кои напролет и наесен „по големата вода“ ги влечеле бродовите наспроти течението. Престолнина на бурлаците бил градот Рибинск, кој се наоѓа на Горна Волга. Без оглед на фактот што Народниот комесаријат за транспорт на СССР во 1929 година ја забранил работата на бурлаците, тие продолжиле да работат на притоките на Волга дури до времето на Големата татковинска војна. Хидроцентралите биле изградена на Волга пред Втората светска војна, а во воените години тие ги снабдувале со електрична енергија фабриките за производство на оружје што се наоѓале во европскиот дел на СССР.

По течението на реката Волга има четири града што имаат повеќе од еден милион жители – Нижни Новгород, Казањ, Самара и Волгоград. По течението на Волга има 300 населени точки, на нејзиниот брег живеат претставници на 20 различни националности: од фино-угорските народи до јужните номади. Астраханските степи на брегот на Волга се сметаат за остатоци од Големата Степа, која некогаш се протегала по цела Евроазија, од Памирските планини на границата со Кина и со Авганистан до реката Дунав. Во дамнина Големата Степа била место каде што живееле номадските народи. Во Астраханските степи и сега живеат потомци на древните номади: Казахасите, Татарите, Ногајците и Туркмените.

Волга е Русија – бесконечна, безгранична, спокојна и бурна, со илјада лица што се огледуваат во нејзините бранови, полни со остатоци од историјата. Извор: Lori / Legion Media

Бесконечни рамнини, овчари со стада од 10.000 грла и песочни дини. Времето што се менува од час на час, стапки од камили, слободниот ветар што крева песочни бури се симболи на слободата на номадските народи. На Волга се наоѓа и престолнината на Златната орда – градот Сарај-Бату. По неколку века оттогаш тука се појавил полигонот Капустин Јар, од каде што во советско време биле лансирани сателити и биле одржувани воени обуки. А, илјада километри посеверно, на изворот на Волга, се наоѓа градот Вољск, кој уште во 1780 година станал еден од центрите на руското старообредништво. Селата на старообредниците се преплетуваат со рибарските населби, а муслиманските градови суштествуваат заедно со белокамените манастири, кои балансираат на високите брегови, кои час се приближуваат, час се оддалечуваат еден од друг, што човек може да вика колку сака, а никој нема да го чуе.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња