Одбиени сите напади на ИД кај Палмира со помош на руската војска

Авијацијата на ВКС Русија изведе во текот на ноќта 64 напади врз терористите кои се обидоа да се пробијат до Палмира, при што се иквидирани повеќе од 30 милитанти.

Сириската армија со активна поддршка на руските Воздушно-космички сили ги одби сите обиди на терористите да се пробијат до Палмира, соопшти Министерството за одбрана на РФ, пренесува агенцијата ТАСС.

Како што наведува рускиот воен ресор, во текот на ноќта биле одбиени сите напади на терористите на Палмира. Терористите во тие напади активно користеле автомобили-бомби со возачи-самоубијци, оклопна техника и ракетна артилерија.

Ноќта меѓу 10 и 11 декември авијацијата на ВКС Русија изврши 64 напади врз позициите на терористите. Во нападот се уништени единаесет непријателски тенкови и пешадиски борбени возила, како и 31 возило опремено со митралези со голем калибар и 300 терористи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња