Малиот ракетен брод „Град Свијажск” истрелува ракета „Калибар” на завршната воена вежба на бродските единици на Касписката флотила.
Денис Абрамов/RIA Novosti„Во последниве три години Каспискаѕа флотила доби 18 нови воени и помошни бродови. Меѓу нив се трите нови мали ракетни бродови „Град Свијажск“, „Углич“ и „Велики Устјуг“ со универзалниот ракетен систем „Калибар“, како и двата десантни чамци од класата „Серна“, соопштила службата за информирање на Јужниот воен округ, пренесува „РГ“.
Во октомври 2015 година бродовите „Дагестан“, „Град Свијажск“, „Велики Устјуг“ и „Углич“ првпат против терористите во Сирија применија крстосувачки ракети „Калибар-НК“. Тогаш од Касписко езеро беа лансирани 26 ракети врз 11 цели оддалечени 1500 километри. Сви инфраструктурни објекти на терористите беа уништени. Потоа вицеадмиралот Виктор Бурсук истакна дека високата ефикасност на ракетите „Калибар“ не можеле да ја предвидат дури ни стручњаците, а странските воени експерти ја карактеризираа воено-поморската база во Каспијск како „базен со „Калибри“.
Оваа година корветите и фрегатите на Касписката флотила извршија повеќе од 400 гаѓања на морски, крајбрежни и воздушни цели со ракетно и артилериско оружје. Покрај воените бродови во Каспиското езеро се обновува и помошната флота. Согласно концепциите за нејзиниот развој, од бродоградилиштата во флотилата пристигнаа седум спасувачки чамци, два спасувачки реморкери, три пристанишни реморкери и пловило со кран.
Крстосувачките ракети „Калибар“ првпат беа успешно тестирани на 17 септември 2012 година во водите на Каспиското езеро. Тие можат да летаат со подзвучна и надзвучна брзина на висина од 50 до 150 метри. Според податоците кои ги наведе Министерството за одбрана на Русија, дострелот на ракетата „Калибар“ е 2000 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче