Почна продажбата на познатиот теренец „Патриот“ наменет за експедиции

УАЗ

Дилерската мрежа на Улјановската фабрика за производство на автомобили ја почна продажбата на специјалната експедициска верзија на познатиот теренец со посебен пакет декларирана „офроуд“ опрема.

„Патриот“ наменет за експедиции ќе се произведува само во две бои, светлопортокалова и светлозелена, ќе има специјална плочка со ознака на вратата од лева страна и галерија на покривот. Ќе биде опремен со клима уред, мултимедијален систем со седуминчен екран чувствителен на допир, дополнително греење на салонот и други ставки на теренска опрема.

Новиот „Патриот“ на тој начин доби вител, заштита на механизмот за управување, теренски гуми, скалила на задните врати, експедициски багажник, блокада на диференцијалот и заштита на праговите. Целата наведена опрема е декларирана од производителот, така што може легално да се користи на јавните патишта.

„Патриот“ наменет за експедиции во понудата е со почетна цена од 1039990 рубли (околу 14500 евра). Како што се очекува, сличен пакет опрема би требало да добијат моделите Hunter и познатата „Буханка“.

Теренецот UAZ Patriot е опремен со бензински мотор со запремнина од 2,7 литри кој развива 135 коњски сили и 210 Нм вртежен момент, петстепен механички менувач и погон на сите четири тркала.

Прочитајте повеќе: УАЗ во пресрет на Мундијалот со познатиот теренец „Патриот“ во фудбалска верзија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња