УАЗ тестираше „Патриот“ на гас

Фабриката за автомобили во Улјановск ги презентираше резултатите од тестирањето на возилото УАЗ „Патриот“ CNG кое работи на компримиран природен гас. Автомобилот беше предаден на тестирање на Министерството за енергетика на Руската Федерација.

Главниот резултат е дека за експлоатација на автомобилот се трошат значително помалку средства. На гас и бензин во текот на тестирањето (од 7 април до 3 мај) вкупно се потрошени 10061 рубља, што е за 3145 рубли помалку отколку да се користи само бензин. Така излегува дека за еден поминат километар се заштедува речиси рубља и половина, велат во московската филијала на „УАЗ“, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.

Тестираниот автомобил во наведениот период помина 2264 километри, дневно - 125,8 км. Беа потрошени 213,5 литри бензин и 171,8 кубици компримиран природен гас. Едно полнење на гас во просек траеше околу 10 минута, што и не е претерано подолго од полнење на бензин.

Тестираното возило УАЗ ПАТРИОТ CNG кое беше опремено со бензински мотор на Заволжскиот моторен завод ЗМЗ-4091 со капацитет од 2,7 литри и опремен со опрема за гас од четврта генерација (метан) со три металокомпозитни балони, секој со обем од 55 литри.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња