Новитетот ќе биде најскапата верзија на „Патриот“, а фабричката варијанта веќе поседува широк список дополнителна опрема. Така, на популарниот теренец, на пример, ќе биде монтиран вител, гуми BF Goodrich All-Terrain, скалила на задните врати, посебна покривна галерија....
Купувачите во салонот на автомобилот ги очекува клима уред, дополнително греење и мултимедијален систем со навигација со екран од седум инчи чувствителен на допир. Возилата во понудата ќе бидат во две ексклузивни бои – портокалова и зелена. Моторот и менувачот остануваат стандардните.
Кога ќе почне продажбата на „Патриот“ со новиот пакет опрема засега е непознато. Цената на специјалната верзија ќе биде околу 1099000 рубли (15700 евра).
Неодамна на интернет се појави видеоснимка со кабриолет УАЗ „Париот“ кој учествуваше на парада во Намибија. Возилото се произведува во ограничен број на примероци и е наменето за користење на паради и свечености.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче