Пред 123 години: Николај II стана последниот цар на Русија

Николаj II.

Николаj II.

Wikipedia
Неговото владеење заврши со Болшевичката револуција.

По ненадејната смрт на неговиот татко Александар III, 26-годишниот Николај II стана последниот Романов кој стапи на рускиот престол на 1 ноември 1894 година. Сепак, тој мораше да чека речиси две години пред официјалното крунисување во мај 1896 година.

Николај беше потполно неподготвен за престолот, бидејќи Александар го сметаше за слаб наследник и одби да му дозволи да заземе каква било владина функција за време на неговото владеење. Последниот Романов дури не беше во брак по неговото стапување на престолот, принуден да го забрза своето стапување во брак со Александра Фјодоровна од Хесен на 26 ноември, само една недела по погребот на татко му.

Почитувајќи ја последната желба на татка си, Николај му го додели најголемиот дел од своите државнички одговорности на Сергеј Вите, кој го надгледуваше периодот на забрзаната индустријализација. Сепак, владеењето на Николај беше нарушено со внатрешниот конфликт и тешките воени порази во Руско-јапонската војна и Првата светска војна.

Николај беше принуден да абдицира од страна на либералните револуционери на 15 март 1917 година. Тој беше егзекутиран, заедно со своето потесно семејство, во заробеништво на болшевиците на 17 јули 1918 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња