Lada 4x4
lada.ruНа првото место, како што можеше да се очекува, се наоѓа Lada 4x4, чија почетна цена е 459000 рубли (околу 6100 евра). Фабричката верзија има клиренс (оддалеченоста на средиштето на возилото од подлогата) од 205 милиметри, кратки браници и атмосферски мотор со запремнина од 1,7 литри.
Втората позиција ја зазеде Chevrolet Niva кој може да се пофали со клиренс од 200 милиметри, како и со подобрена во споредба со класичната „Нива“ кабина на возилото и квалитетни возни карактеристики.
На третата позиција на ранг-листата се најде УАЗ „Патриот“. Без оглед на критиките на корисниците на сметка на квалитетот на монтажата, автомобилот има, како што се наведува, одлични теренски карактеристики.
ГАЗ-4WD, со погон на сите четири тркала, го зазеде четвртото место, додека УАЗ-2206, во Русија попознат како „Буханка“ (векна) се најде на петтото место на листата на најдобри руски теренци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче