Во периодот од 11 до 15 септември Министерството за одбрана на Руската Федерација ќе собере околу една третина од своите припадници (близу 300.000 луѓе) за изведување на воената операција на териториите источно од Москва, сѐ до Камчатка. Ова ќе биде најголема вежба во земјата уште од 1981 година.
„На вежбата ќе учествуваат единиците од Источниот и од Централниот воен округ, Северната флота и од Воздушно-десантните сили, како и делови на воено-транспортната ацијација со далечен дострел и опреативно-тактичката авијација на Воздушно-космичките сили“, соопшти началникот на Генералштабот на Руската Федерација генерал Валериј Герасимов.
Вкупно „во бој“ ќе тргнат повеќе од илјада авиони (од ловци до стратешки бомбардери), хеликоптери и мали дронови и околу 36.000 тенкови (од Т-72 до најновите „Армата“ Т-14), борбени возила на пешадијата, оклопни транспортери и други оклопни возила.
Истовремено, единиците „на земја“ ќе имаат поддршка не само од воздух, ами и од море долж целиот руски брег. Така „во битката“ ќе бидат вклучени и пловила на Северната и на Тихоокеанската флота – вкупно околу 80 војници и цивилни бродови.
Главната задача на вежбата е усовршување на интероперабилноста на сите ангажирани видови и родови војска. Освен тоа, неопходно е да се проверат мобилизациските способности на армијата и на оперативниот трансфер на големите формации во краток временски период од еден до друг крај на земјата. Така копнените сили ќе мораат да совладаат дистанци и до 7.000 километри, додека бродовите ќе имаат задача да минат 4.000 наутички милји (нешто помалку од 7.500 километри – заб. прев.).
Командата планира да ги подели единиците на два дела: еден ќе симулира напад на територијата на Руската Федерација (или измислени држави, во зависност од сценариото), додека другите ќе ги штитат границите на татковината. Но, војската нема да го соопшти точното сценарио сѐ до почетокот на маневрите на 11 септември.
Трошоците за најголемата вежба во современата руска историја не се објавени. Војската вели дека средствата за овој потфат се издвоени во годинашниов буџет и дека дополнителна финиансиска инјекција не е потребна.
Како што истакнува командата на вооружените сили, единствени маневри во поновата историја кои можат да се споредат со овие се оние за време на вежбата „Запад 81“ од 1981 година. Тогаш војската ја развлече зоната на операции на 500 километри, а во содејство „во битката“ учествуваа 20 дивизии (со бројност од 5 до 20 илјади луѓе), како и 1.000 авиони и хеликоптери.
Пренос од еден од далекуисточните полигони од вежбата „Восток 2018“ ќе биде достапен на сајтот на Министерството за одбрана на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче