Како што соопшти за медиумите рускиот производител на автомобили, првите автомобили „наменети за сите љубители на фудбалот и активните навивачи“ ќе се појават во продажба во јуни.
Новата верзија е базирана врз пакетот опрема „Престиж“ дополнета со контрола на климата, атермални стакла во задниот дел, поинакво решение за рачката и навлаките на менувачот и рачната сопирачка. Теренецот ќе се продава во новата ексклузивна „Бајкал сина“ боја (темно сина металик).
Опремата опфаќа сензори за паркинг, греење на предните седишта и воланот, како и мултимедијален систем со седум инчен екран чувствителен на допир и навигација со картите на Русија, Белорусија, Казахстан и Украина. Седиштата се во еко кожа, со посебни додатоци, додека централниот дел на седиштето заедно со наслоните за глава е изработен од природна кожа, со лого на специјалната серија, корпоративни фудбалски симболи и штепови.
Возилото однадвор ќе може да се препознае не само по бојата на каросеријата туку и по капаците за алуминиумските фелни со слика на топка во средината. Освен тоа, автомобилот во оваа варијанта ќе има и специјална плочка и лепенки благодарение на кои нема да има шанса „Патриотот“ во „фудбалска“ верзија да се смеша со некоја друга.
УАЗ Патриот „Футбол“ ќе чини 995 илјади рубли (околу 14200 евра) а тоа значи 76 илјади (околу 1100 евра) повеќе од теренецот со пакетот опрема „Престиж“ .
Неодамна се појави верзија на „Патриот“ наменета за експедиции со фабрички вградена дополнителна опрема.
Инаку Фабриката за производство на автомобили од Улјановск неодамна ги покачи цените на своите возила, а раководството не исклучува уште една корекција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче