Ги разоткриваме СИТЕ митови во руската историја

Историја
RUSSIA BEYOND
Ги собравме на едно место сите наши статии за разоткривање на митовите кои се однесуваат на руската историја.

Стара Русија

Руската официјална историја започнува со мистерии. Клучното прашање е дали РЈУРИК, првиот руски владетел, бил ВИСТИНСКА ЛИЦЕ ИЛИ МИТ.

Како што растеле руските земји, тие се соочиле со монголско-татарската инвазија. Концептот на „МОНГОЛСКО-ТАТАРСКИ ЈАРЕМ“ е долгогодишен мит, со кој се занимаваме во посебна статија, објаснувајќи зошто овој термин им бил непознат на луѓето од тоа време.

Со првиот руски цар Иван Грозни се поврзани многу митови. На пример, неговиот „прекар“ честопати бил погрешно разбран - ние го објаснуваме ВИСТИНСКОТО ЗНАЧЕЊЕ во една од нашите статии.

Популарната легенда тврди дека некаде во Москва е скриена БИБЛИОТЕКАТА НА ИВАН ГРОЗНИ. Овој мит го истражуваме во друга статија.

Исто така, распространето е верувањето дека Иван Грозни ги ОСЛЕПИЛ ГРАДИТЕЛИТЕ на храмот „Св. Василиј“ во Москва, што е исто така мит што го разоткриваме.

Руско царство

Се осврнуваме и на митот за ЛАЖНОТО ЗАВЕШТАНИЕ на Петар Велики кое се појавило во XVIII век. 

Постои теорија дека Михаил Ломоносов бил ВОНБРАЧЕН СИН на Петар Велики, која исто така ја разоткриваме.  

САНКТ ПЕТЕРБУРГ, Петровата голема креација, е обвиен во митови, истражени во посебна статија. 

Го разоткриваме распространетиот мит што ги поврзува Петар Велики и Николај I со кривината на железничката пруга Москва-Петербург, наводно предизвикана од ЦАРЕВИОТ ПРСТ.

Тврдењето дека Алјаска била изнајмена а не продадена на САД е лажно. Даваме докази и детално објаснуваме како и колку САД ПЛАТИЛЕ ЗА АЛАСКА.

Веројатно најпознатиот историски мит од ерата на Екатерина Велика се „ПОТЕМКИНОВИТЕ СЕЛА“, кои всушност никогаш не постоеле.

Долго време се зборувало дека царот Александар I не умрел, туку продолжил да живее во Сибир КАКО ПУСТИНИК

Имало гласини дека НИКОЛАЈ II БИЛ НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ за време на неговиот живот. Проверивме дали е ова точно.

Григориј Распутин, духовниот советник на кралското семејство, беше оклеветен како „луд монах“ и се шпекулираше дека е љубовник на царицата. Ги разјаснуваме овие митови и детално го објаснуваме ВИСТИНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ на Распутин.

Приказната за Василиј Кочетков, војник кој наводно служел ПОД ТРОЈЦА ЦАРЕВИ, е уште еден мит што го разоткриваме.

Советски Сојуз

Разоткриваме СЕДУМ ГОЛЕМИ МИТОВИ за Јосиф Сталин во посебна статија.

Ние, исто така, го разоткривме распространетиот мит за советскиот лидер Никита Хрушчов кој УДИРА СО ЧЕВЛА на говорницата на ОН. 

Фолклор и поп-култура

Руската традиционална митологија честопати погрешно се толкува од поп-културата. На пример, франшизата Џон Вик погрешно ја претстави Баба Јага, најпознатата руска вештерка. Еве една статија која ОБЈАСНУВА која е таа навистина.

Денешните филмаџии исто така погрешно тврдат дека Русите имаат традиција да пијат 10 ЗДРАВИЦИ „за по пат“, што не е сосема точно.

Да не пропуштивме нешто? Не двоумете се да ни кажете во коментарите, а ние ќе продолжиме да ги разоткриваме лагите и да ја откриваме вистината за руската историја - затоа што можеме.