Валентин Серов, Петар Велики на Невскиот кеј, 1807 година, Третјаковска галерија
Global Look PressПрво и прво, тоа било мошне прометно место. Веќе во 14 век била подигната шведската тврдина Ландскрона, а подоцна, во 1611 година, ја заменила тврдината Ниеншанц, со шведскиот град Ниен во близината,
Во 17 век Ниен бил голем трговски центар поради својата поволна положба во близина на устието на неколку реки. Кога во 1703 година во Големата северна војна помеѓу Русија и Шведска Петар Велики го зазел Ниен, решил новиот град да биде подигнат токму на тоа место, со цел да го зацврсти руското воено присуство на шведската територија и да обезбеди излез на Балтичкото море. Еве и еден бизарен податок: кога Санкт Петербург станал руска престолнина во 1712 година, тој и понатаму формално се наоѓал на шведска територија (регионот околу Санкт Петербург во целост ѝ припаднал на Русија дури по завршувањето на Северната војна во 1721 година).
Од каде тогаш приказните за „мочуриштето“? Вистина е дека во 1705 година, две години по основањето на градот, една петина од неговата територија лежела на мочуришна земја. Огромно мочуриште навистина се протегало на местото на Павло Михајловскиот замок, кој е подигнат многу подоцна. А, непроодниот глиб бил на местото на денешната Думска улица, позната по ноќните клубови.
Но, во изградбата на градот учествувале европски урбанистички инженери. Тие барале во Санкт Петербург да се донесе земја која би го зацврстила тлото под тешките градби.
Стручњакот за тло Елена Сухачова вели дека коритата на потоците и на малите реки тогаш биле исполнети со песок и со чакал, а дека мочуриштата биле исушени. На тоа се работело континуирано сè до осумдесеттите години на 18 век, кога бреговите на Нева биле покриени со гранит.
Изградбата на Петропавловската тврдина започнала на 16 мај 1703 година. Според легендата Петар за неа лично го положил камен-темелникот, додека орел кружел над неговата глава. Но, ова е само легенда. Според хронологијата на животот на Петар Велики, тој тогаш се наоѓал многу посеверно, во Штелбург, каде порано се наоѓала тврдината Нијаншанс (сите негови укази и писма од периодот мај-јуни 1703 година се потпишани на ова место). Освен тоа, во регионот околу Санкт Петербург никогаш немало орли.
Георгиј Песис, Петар Велики на изградбата на Петербург
Леонид Сиверт/SputnikЛегендата вели дека Петар Велики наредил неколку илјади селани од внатрешноста на Русија да учествуваат во изградбата на Петербург. Слабо хранети, изложени на влага и на студенило, тие во голем број умирале, а биле закопувани на лице место во мочуриштето. Оваа хорор-приказна завршува со зборовите: „Затоа Санкт Петербург лежи на коски“.
Во градежните работи навистина учествувале селани, иако ним не им било наредено да дојдат во Санкт Петербург, ами биле ангажирани за плата. Од 1704 година во Санкт Петербург работеле 40 илјади луѓе, претежно државни и спахиски кметови.
Селаните работеле во смени: на секои три месеци можеле да одат дома. Но, многумина останувале и следните три месеци, зашто за работата добивале по една рубља дневно, што во тоа време била вообичаена работничка плата.
По 1717 година селаните повеќе не биле ангажирани како работници во изградбата, ами наместо тоа е воведен годишен данок. Власта за изградбата ангажирала квалификувани работници и ги плаќала од собраните даноци.
Кога станува збор за смртноста кај работниците, таа била во рамките на вообичаеното за тоа време. Во педесеттите години од 20 век еден советски историчар изврши ископување на местата на најголемите градилишта од 18 век и не пронајде никакви докази за масовно умирање, само јами полни со животински коски. Тоа укажува дека работниците добивале добри порции храна со многу месо.
Мапа на Санкт Петербург од 1705 година. Историска реконструкција на педесеттите години од 19 век.
Public domainЈакоб фон Штелин (1709-1785), член на Руската академија на науките, кој живеел во времето на владеењето на неколку руски монарси, во својата книга „Вистински анегдоти за Петар Велики“, тврди дека Петар наредил Василевскиот остров во Санкт Петербург да стане „мал Амстердам“ со канали наместо со улици и дека оваа задача му ја доверил на својот соработник, кнезот Александар Меншиков. Но, кнезот, кој бил познат како лажго, го украл поголемиот дел од парите, па добиените канали биле премногу тесни за чамците, а подоцна биле затрупани.
Александар Меншиков
Public domainВсушност, ниту во 1723 година на Василевскиот остров немало канали. Дури во 1727-1730 година (по смртта на Петар), се појавиле четири канали кои се затрупани во 1767 година по наредба на Екатерина Велика.
Евдокија Лопухина
Виктор Корнјушин/Global Look PressПетар Велики не ја сакал својата прва сопруга Евдокија Лопухина која била жена од стар ков и не ја разбирала страста на Петар кон сето европско. Евдокија наводно учествувала во завера против Петар, па тој ја испратил во манастир и принудно ја замонашил. Пред да биде одведена, Евдокија извикала за Санкт Петербург: „Ова место ќе опусти!“.
Но, тешко дека Евдокија знаела нешто за Санкт Петербург кога била испратена во манастир во 1698 година, 5 години пред градот Ниен да биде освоен, кога ова „место“ за кое зборувала било означено само како локација за изградба. Така Евдокија не можела да предвиди дека ова мочуришно место ќе биде изложено на бројни поплави (како што обично се толкуваат нејзините зборови).
Но, кнезот Алексеј, синот на Петар и на Евдокија, го повторил ова пророштво во 1718 година на своето сослушување. Се смета дека тој само ги повторил зборувањата. А, подоцна, во 19 век, рускиот историчар Сергеј Соловјов повторно ја раскажал оваа приказна и таа тогаш станала псевдоисториски факт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче