Сè што треба да знаете за руската вештерка Баба Јага

Георгиј Миљар во улогата на Баба Јага

Георгиј Миљар во улогата на Баба Јага

Александр Роу/Киностудия имени М. Горького, 1964
Живее во колиба на кокошкини нозе, го чува влезот во „оној“ свет и лета во аван. Запознајте го најстрашниот негативец на Стара Русија.

Во руските народни приказни Баба Јага е стара вештерка која живее во шума. Нејзината изба - или колиба - стои на кокошкини нозе на работ на ливада, свртена кон шумата. За да влезете во неа, треба да викнете: „Драга колибо, те молам сврти се со грбот кон шумата а со лицето кон мене!“ Дури потоа гостинот може да влезе во колибата, каде што лежи Баба Јага, со својата „коскена нога“ и нос што „зараснал во таванот“.

„Баба Јага“ на Иван Билибин

Ова митско суштество обично на главниот лик во приказната му нуди некаков договор или го води низ трансформација откако ќе го искапе во нејзината магична печка. Баба Јага е најголемиот баук кој руските родители отсекогаш го користеле за да ги плашат своите деца.

Зошто се вика Баба Јага?

„Баба Јага и трите Птици-девици“ на Иван Билибин

Баба Јага е можеби најстарото суштество во рускиот фолклор. Толку многу што лингвистите сè уште дебатираат за потеклото на името. На руски јазик „баба“ е именка за „жена“. Меѓутоа, во индоевропските јазици „баба“ е прататко. Навистина, во јужна Русија се пронајдени бројни камени скулптури на кои е прикажана таква женска прародителка.

Не постои јасен превод на „Јага“ на руски. Меѓутоа, на санскрит „јага“ значи „жртва“. Како што тврди истражувачката Олга Сољаник, „Баба Јага е многу древен лик, вкоренет во епохата на матријархатот“.

Зошто живее во колиба на кокошкини нозе?

„Колибата на кокошкини нозе“ на Виктор Васнецов

Уште една карактеристика на Баба Јага е нејзината слепило. Кога протагонистот доаѓа кај неа, таа го препознава неговото присуство само по мирисот. Филологот Владимир Проп тврди дека тоа е затоа што Баба Јага е, всушност, суштество од светот на мртвите - затоа што „мртвите не ги гледаат живите“. Меѓутоа, самата Баба Јага му е видлива со голо око на секој обичен човек што ќе ја сретне.

Затоа живее во колиба на работ на ливада - Баба Јага ја чува другата димензија (шумата) од живите. Но, зошто колибата има кокошкини нозе? Како што тврди историчарката Александра Баркова, овој дел потекнува од древниот обичај на надземни погребувања. Познато е дека Мокшите, мордвинска етничка група која живее во централна Русија, практикувала да ги закопува своите шамани на овој начин. Погребувањето над земја се практикувало само кога станувало збор за почитувани поединци: „Погребувањето над земја не дозволува духот да оди во земјата на мртвите“, пишува Баркова. Бидејќи се држи над земја, на границата меѓу двете царства, шаманот или вештерката може да биде обожуван.

„Кокошкините нозе“ се навистина трупците на кои стои ковчегот. Внатре лежи труп, затоа Баба Јага има коскена нога и затоа лежи „од агол до агол“ со носот забиен во таванот: лежи во дрвен ковчег.

„Колибата на кокошкини нозе“ на Иван Билибин

Зошто патува во аван со толчник?

Како што тврдат историчарите, Баба Јага датира од времето на шаманите и вештерките кои ги обожавале древните словенски и предсловенски луѓе. Но, со текот на времето добила одредени карактеристики на подоцнежното време. Раскажувачите од Владимирската област, на пример, во 1914 година рекле дека Баба Јага „лета наоколу во аван, управува со толчник и весла со метла“.

„Баба Јага“ на Виктор Васнецов

Аванот е толку голем што може да се седи во него, со подеднакво масивен толчник. Во руските села аванот и толчникот биле исто толку вообичаени како метлата или вилушката за печката. За дробење на жито се користеле авани. Процесот не бил многу тежок, но барал многу време, поради што тоа често го правеле стариците. Аванот и толчникот биле вообичаени атрибути на старата вештерка, што Баба Јага секако била.

Воронешка губернија, 1908.

Зошто е толку популарна во современата култура?

Тајната на популарноста на Баба Јага може да се следи, особено, во нејзината опскурност. Да, навистина, секое руско дете го знае името „Баба Јага“, но малку се знае за нејзината поврзаност со подземјето или за нејзиното можно потекло од древно женско божество. Така се појавува во различни варијации во руските цртани и играни филмови. Актерот Георги Миљар ја играше Баба Јага во бројни советски филмови од 1930-тите до 1960-тите, меѓу кои се „Василиса прекрасна“, „Морозко“, „Новите авантури на мачорот во чизми“ и други.

Георгиј Миљар во улогата на Баба Јага

За современата западна публика, Баба Јага често е само генеричко словенско чудовиште. Во филмот „Џон Вик“, на пример, креаторите ненамерно го помешаа женското суштество со друго - словенската баба Рога која на руски се Бабајка.

Во меѓувреме, во втората сезона на серијата „Вештерот“, антагонистката Voleth Meir (Бесмртната мајка) позајмува некои карактеристики од Баба Јага (нејзината колиба стои на нозете на базилиск - еден вид пеколна кокошка).

Баба Јага во „Хелбој“

Во графичкиот роман „Хелбој: Окованиот ковчег“, Баба Јага има цела епизода за себе. А во мангата/анимето „Јадачот на душата“, постои „замокот на Баба Јага“, кој го користи вештерката Арахна како база за своите операции.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња