Дали Иван Грозни навистина барал 10 здравици за оние кои си заминувале од гозба?

Kira Lisitskaya (Photo: Leonid Gaidai/Mosfilm,1973; Konstantin Makovsky)
Постоела руска традиција да се пие „за одење“, сепак не, не подразбирала толку здравици.

Во алтернативната историја на истражување на вселената прикажана на Apple+ ТВ „За целото човештво“, американски и советски астронаути организираат забава во истражувачки објект поставен на Марс. Додека сите пијат, шефот на советскиот тим вели дека рускиот цар Иван Страшни („Ivan the Fearsome“, претпоставуваме дека се мисли на Иван Грозни) ја создал традицијата да се испијат десет здравици „за пат“ или, како што Русите кажи, „на пасашОк“. Но, дали е тоа навистина точно?

Дали Иван Грозни кревал десет здравици? 

Не, најверојатно не. 

За време на гозбите во присуство на царот, пишува историчарката Људмила Чернаја, се кажувале многу здравици, односно „говор за здравје“. Првата здравица се кажувала веднаш по почетокот на оброкот - и тоа била здравица што самиот император ја кревал за сите свои гости. „Гостите приоѓаа до царскиот трон по редослед на старешинство, ја земаа чашата од царските раце и, повлекувајќи се неколку чекори наназад, ја пиеја до дно, а потоа се враќаа на своето место на масата“, вака Чернаја го опишува ритуалот.

Овие здравици биле задолжителни за сите присутни, вклучувајќи ги и монасите и свештениците. Одбивањето да се пие за здравјето на царот, пишува историчарката Лидија Соколова, се сметало за навреда на царското величество.

По првата здравица следеле други - најпрво за членовите на царското семејство, потоа за здравјето на патријархот итн. Меѓу тие здравици, пишува Људмила Чернаја, и самиот цар одвреме-навреме кревал чаша за здравјето на своите гости. Кога царот наздравувал за некој од присутните, тој човек станувал со својата чаша и ја пиел до дно. Гозбата завршувала со кревање на последната чаша и молитва. Како гест на гостопримство, царот можел да нареди бурињата со пиењето останати од прославата да се испратат низ Москва во домовите на гостите.

Дали Русите ги имале оние задолжителни „десет здравици за заминување“?  

Популарната листа од „10 руски здравици за пат“ која може да се види на рускиот интернет – а која вклучува чаша пијалак „за седло“ или „за јавање низ порта“ - веројатно е листа составена од некој модерен блогер.

Овде се наведени најпопуларните здравици во Русија. Но, што е со онаа „за пат“, која на руски се нарекува „на пасашОк“? Називот на здравицата всушност може да се преведе како „една на стап (за постапување)“ и, навистина, според руската традиција, тоа е последната здравица пред гостинот да си замине.

Испраќајќи го гостинот до прагот, домаќинот му ја нудел последната чаша пијалак, со што се проверувал степенот на пијанство на гостинот - ако можел да ја испие малата чаша со пијалак ставена на горниот крај од неговиот стап, тоа би значело дека е „добар да оди“, т.е. доволно трезен за да стигне дома или на друго место. Ако, пак, ја испуштал чашата, тогаш тоа било знак дека можеби гостинот треба да остане и да преноќи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња