Изложбата на фотографии насловена „Москва денес“ од среда, 31 јануари 2017 година, ќе биде поставена во Музејот на град Скопје. Отворањето ќе биде во 19 часот, а влезот е слободен.
Веќе неколку години престолнината на Русија – Москва, е подложена на посериозни урбанистички зафати, со цел нејзино разубавување. Жителите на главниот град со задоволство гледаат на тоа како нивната Москва од ден на ден станува сѐ поубава.
Токму ова е забележано на изложбата „Москва денес“. Фотографиите ги прикажуваат најубавите делови од градот – улици, паркови, музеи, згради, трговски и деловни центри, стадиони – кои беа подложени на реконструкција. Голем дел од нив се пренаменети во служба на граѓаните, а со цел да им понуди место за релаксација и одмор и пријатно поминато време.
Организатори на изложбата „Москва денес“ се Амбасадата на Руската Федерација, државната организација Россотрудничество и градот Скопје.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче