Импресивен е списокот на ангажираните познати архитектонски фирми. Меѓу нив се „Irène Djao-Rakitine“ од Франција, „West 8“ од Холандија, „Topotek 1“ од Германија, „План Б“ од Русија и многу други. Реконструкцијата на централните московски улици започна во 2015 година. Според податоците што ги објави бизнис-весникот „Ведомости“, за овој проект во 2017 година се издвоени 50 милијарди рубли (850 милиони американски долари). Реконструкцијата ќе трае до 2020 година. Што се промени на улиците во центарот на Москва?
Над 20 години на овој простор зјаеше јама – беше планирано тука да се направи подземна гаража. Но, за време на изградбата беа пронајдени фрагменти на одбранбени бедеми од средновековниот московски „Бел град“ (Сега Булеварскиот кружен пат се наоѓа на местото каде некогаш стоел бедемот на „Белиот град“). По работите кои се изведени според проектот на фирмата „Irène Djao-Rakitine“ и на конструкторското биро „Стрелка“, плоштадот е претворен во археолошки парк со амфитеатар.
Плоштадот пред Белоруската железничка станица претходно беше место на постојан сообраќаен метеж, кој главно беше предизвикан од паркираните коли. Фирмата „West 8“ предложи наместо паркинг тука да се направи пешачка зона.
Главната московска улица се реновираше во две фази во 2016 и во 2017 година. Оваа улица е препознатлив амбиент на големите национални празници и поради тоа е мошне важно убаво да изгледа. На пример, на тротоарите се вратени дрвјата кои беа исечени во деведесеттите години од минатиот век“. „Дрвјата е најдобро да се насадат наесен кога се подготвуваат за назима. На улиците најдобро е да се садат дрвја со средна големина, и затоа сите стебла се постари од 15-20 години“, велат за Russia Beyond-Македонија од конструкторското биро „Стрелка“.
Улицата во центарот на градот со кафулиња, продавници и кина секогаш привлекувала туристи. За разлика од Стари Арбат кој е пешачка зона, Нови Арбат беше претоварен со паркирани коли. Архитектите ги проширија тротоарите, поставија нови клупи (а, меѓу нив и клупа долга 300 метри – најдолга во Москва). Посадија црвени јавори и липи.
Оваа улица се наоѓа помеѓу Бољшаја Никитскатаја и Воздвиженка. Во неа се наоѓаат неколку зданија од крајот на 19 век и храм од 17 век. Беше тешко да се минува по ова улица поради тесните тротоари и лошото осветлување. Конструкторското биро „Стрелка“ ги проширува тротоарите со гранит и поставува улични светилки, како и клупи за одмор. Се реставрираат и фасадите на зградите.
Московјаните ја сакаат оваа улица порaди нејзините културно-историски вредности – старинските вили и театарот Ленком, како и поради многубројните кафулиња. За време на реконструкцијата проширени се тротоарите и поставени се нови клупи.
На оваа улица се наоѓа Руската државна библиотека, трговскиот центар „Детски мир“ и голем број кафулиња, но поради тесните тротоари не беше пристапна за пешаците. Сега на неа постојат три зони за одмор и дрвја кои го красат тротоарот.
Една од најпрометните улици на Москва беше реконструирана во 2016 и во 2017 година. Во реконструкцијата учествуваа 11 руски и странски фирми. Проширени се тротоарите, намален е бројот на ленти за коли и направени се нови раскрсници.
На просторот на улицата Мјасницкаја се наоѓа театар, метро-станица и многу продавници, така што улицата е секогаш полна со автомобили. Сега таа има „зелена“ пешачка зона, нов паркинг и станици за градски превоз.
Овој плоштад секогаш беше полн со автомобили, така што пешаците со голема мака се пробиваа до метро-станицата. По реконструкцијата наместо паркинг, направена е дополнителна лента за сообраќај, а околу плоштадот направена е пешачка зона.
Фотографиите се на конструкторското биро „Стрелка“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче