Ако поминете бар малку време на московските улици, сигурно ќе забележите дека луѓето околу вас секој миг прават селфи. Тогаш ни оваа вест нема да ве зачуди: статистиката вели дека Москва е вториот најпопуларен град на Инстаграм оваа година.
Други најпопуларни дестинации се Њујорк (на првото место), Лондон (на третото), Сао Пауло (4), Париз (5). Руската престолнина на културата Санкт Петербург се најде на седмото место.
Инстаграм ја објави својата статистика за 2017 година кон крајот на ноември. Тука се најпопуларните хаштагови, ѕвезди, локации... Така се покажа дека „Инста приказните“ на руската ТВ-ѕвезда Олга Бузова имаат повеќе прегледи од објавите на Ким Кардашијан, иако Русинката има 10 пати помалку следачи од американската реалити-ѕвезда: 11 милиони наспроти 104 милиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче