Русија прими понуди за продажба на тактичкиот бомбардер Су-34

Скриншот
Странските партнери испратија понуди за набавка на извозната верзија на ова навистина респектабилно борбено летало. Fullback претставува еден од најдобрите авиони на светот во својата класа. Станува збор за летало со веројатно највисоките оцени за време на руската кампања во Сирија.

Русија ги прими првите понуди за извозната верзија на ловецот-бомбардер Су-34. Ова во понеделникот го изјави првиот човек на „Рособоронекспорт“ Александар Михеев, кој се наоѓа на интернационалниот авио-космички саем Dubai Airshow 2019.

„Ние и понатаму работиме на тоа. Неколку наши партнери дури и летаа со овие авиони (се мисли на Су-34 – заб. на прев.). Додека чекаме натамошни одлуки, ја правиме неговата маркетинг промоција. Има понуди“, рече Михеев, пренесува интернет-порталот ТАСС.

„Сухој“ Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО  Fullback) припаѓа на класата на тактички повеќенаменски ловци-бомбардери. Развиен е во KБ „Сухој“, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Неговата примарна намена се бомбардерски задачи, при што со употреба на ракети од класата „воздух-земја“ и авиобомби уништува широк спектар на копнени цели. Благодарение на неговата компатибилност со навистина обемната палета на воздухопловно вооружување, овој авион може да се бори против цели како на море, така и во воздухот.

Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронски пречки, што значително ја отежнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, како и непријателските екипажи на средствата за ПВО. Еден од најдобрите авиони на светот во својата класа. Борбено летало со веројатно со веројатно највисоките оцени за време на руската операција во Сирија.

Големиот меѓународен авиокосмички саем Dubai Airshow 2019  трае од 17.11 - 21.11. Русија планира да претстави широка гама на новитети од сферата на воздухопловството и противвоздухопловната одбрана, со посебен акцент на „борбата со беспилотните летала“. Ќе бидат презентирани модернизираниот ракетно-топовски ПВО-систем „Панцир-С1М“, високомобилните средства за ПЕБ „Сапсан-Бекас“, „Купол-ПРО“ и „Пишаљ-ПРО“. Премиера ќе имаат и авионот-ловец од петтата генерација Су-57Э, борбените хеликоптери Ми-28НЭ и Ми-171Ш, радарската станица „Сула“ за надгледување на објекти во вселената итн. Покрај штандовите на компаниите „Ростех“ и „Рособоронекспорт“, ќе биде претставено и производството на осум водечки руски холдинг-претпријатија ко се занимаваат со производство на современо вооружување за опремување на единиците на военото воздухопловство, противвоздухопловната одбрана и противелектронска борба. Тука ќе бидат присутни ПАО „ОАК“, АД „Хеликоптери на Русија“, АД „ОДК“, АД НПО „Високопрецизни системи“, Концернот ВКО „Алмаз-Антеј“, АД „Швабе“ и други.

Прочитајте повеќе: Што има наследено Су-34 од бомбардерите и ловците?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња