Жесток удар врз терористите: Руски Су-34 примени тешка бомба КАБ-1500ПР (ВИДЕО)

„Бог-рата“
На интернет се појави видеоматеријал од кој се гледа примена на разорна корективна бомба со ласерско наведување КАБ-1500ПР. Бомбата ја употреби фронтовски бомбардер Су-34 при удар врз утврдени терористички позиции во Сирија.

Ласерски наведуваната бомба КАБ-1500ПР е наменета за уништување посебно утврдени и вкопани цели. Тоа се главно тешко заштитени командни пунктови, подземни складишта на муниција и бункери, пренесува порталот „Бог-рата“.

Бомбата се наведува врз целта со помош на ласерски сноп. Таа е во состојба да „продре“ 20 метри во земја или да пробие армирано-бетонска пречка со дебелина од три метри, и потоа ја активира својата боева глава. Максималната висина на летот до која се применува оваа бомба изнесува 8000 метри. Максималното отстапување од целта е четири метри.

Тешки воздухопловни бомби веќе неколку пати беа применети во Сирија, при што имаа максимален ефект. Во 2015 година ист авион со бомба КАБ-1500 целосно уништи позиција на која се наоѓаше поголема група терористи. Целата операција ја покриваа авиони-ловци Су-30СМ. И во април 2017 година со иста бомба беше уништена позиција со терористи на подрачјето на градот Идлиб на северот на Сирија.

Прочитајте повеќе: Зошто терористите во Сирија „се тресат од страв“ кога ќе се спомене руската авиобомба КАБ-1500?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња