Сириско искуство: Вниманието во САД свртено кон модернизацијата на смртоносниот Су-34

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Американските медиуми се заинтересираа за модернизацијата на рускиот мултифункционален ловец-бомбардер Су-34, за кој западните аналитичари велат дека е „смртоносен“.

Како што пишува „Национален интерес“, од почетокот на експлоатацијата на авионот поминало релативно малку време. Весникот се прашува зошто тогаш беше потребна модернизација и изнесува своите претпоставки.

Како што се истакнува во написот, работата над авионот Су-34 започна уште во текот на 1980-те, а сега е планирано да се снабди леталото со современа авионика и средства за радиоелектронска борба, како во случајот со авионите Ту-22М3М и Ту-160М2.

Како важна причина се споменува и искуството кое Су-34 го стекна за време на војната во Сирија. Американското издание признава дека тој авионот добро се покажал во серијата воздушни напади врз терористите. Меѓутоа, конструкторите сакаат уште повеќе да ја подобрат борбената ефикасност на авионот. Конкретно, се истакнува дека обновениот Су-34 ќе носи поголема количина оружје, иако засега не се познати поконкретни детали.

Покрај тоа, како што истакнува „Национален Интерес“, модернизираниот Су-34 ќе биде попривлечен за извоз.

Прочитајте повеќе: Бомбардерот Су-34 ќе има нова задача

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња