Рускиот ТВ канал „Ѕвезда“ објави кадри од вежбата на која новите авиони Су-34, воведени оваа година во челјабинските воздухопловни единици, првпат учествуваа во воздушна дополна на гориво. За ова информираше прес-службата на Централниот воен округ.
Видеоснимката прикажува како фронтовски бомбардери Су-24 и повеќенаменски ловци-бомбардери Су-34 ја изведуваат најкомплексната постапка: во дневни и ноќни услови, на висина од шест километри и брзини од 550 км/ч, пилотите ѝ приоѓаат на авиоцистерната Ил-76 на растојание од 10-15 метри за да се поврзат со цревото за дополнување на гориво.
Севкупно, во вежбата учествуваа 30 авиони кои полетуваа од аеродромот Шагол во Челјабинската област.
Претходно пилотите на Централниот воен округ почнаа со пробни летови на своите нови ловци-бомбардери Су-34.
Су-34 е наменет за уништување на цели на копно и во воздух, во дневни, ноќни и сите климатски услови. Авионот користи наведувана муниција „воздух-земја“ и „воздух-воздух“. Максималниот долет на авионот Су-34 изнесува до 4000 километри, неговата максимална брзина е 1900 км/ч, а борбениот товар осум тони. Су-34 е и двојно потивок од своите претходници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче