Одлучено е неколку руски повеќенаменски ловци-бомбардери Су-34 да бидат опремени за извидување, објавија руските медиуми, повикувајќи се на документи на Министерството за одбрана на РФ.
На неколку бомбардери Су-34 ќе бидат поставен извидувачки системи. Во документите на Министерството за одбрана се наведува дека ќе бидат поставени унифицирани контејнери за извидување, како и дека авионите ќе имаат дополнителни носачи на крилата, објави ТАСС.
Во моментов е во тек конкурсот за изведувач на овие работи.
Извидувачка опрема ќе носат четири борбени авиони. Цената на работите изнесува околу 256,5 милиони рубли (3,3 милиони евра), од кои 165,5 милиони (2,1 милиони евра) ќе бидат издвоени оваа година. Изведувачот на работите ќе биде избран до 6 ноември, а целата работа ќе биде завршена до 10 ноември 2019 година.
Опремувањето на авионите со извидувачка или друга опрема не е ништо необично. Контејнери со извидувачка опрема и претходно беа поставувани на авиони. На пример, на Су-24, кои вршеа извидување над бродот „Доналд Кук”, користен е контејнер со систем за радиоелектронско војување „Хибини”.
Во август 2016 година Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на руските бомбардери Су-34 ќе бидат поставени системите за радиотехничко извидување УКР-РТ, кои на пилотите ќе им овозможат брзо да ги откриваат целите и да вршат прецизни напади врз нив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче