Три водечки модерни унапредувања на советските пушки и пиштоли

Артјом Коротаев/TASS
Зголемена сила, прецизност и дострел ги карактеризираат легендарните советски пиштоли Макаров, СКС со полуавтоматска карабина и СВД „Драгунов“ снајпери кои минаа низ модернизација со употреба на најновата технологија.

Од СКС до Бенели М4

Кон средината на јануари израелската компанија „ФАБ Дифенс“ објави дека на пазарот се исфрла модификација на Симоновиот самополнечки карабин (СКС – најпопуларна пушка на рускиот цивилен пазар) која оваа стара советска пушка практично ја доведе до ниво на најмодерната италијанска пушка Бенели М4 која ја користат американските специјални единици.

Пушката поседува ново куќиште кое се произведува под ознаката М4 СКС. Направено е од зајакнат полимер со кундак на расклопување за М4.

Пушката се продава со три опции за куќиште:

- со кундак што го апсорбира ударот
- класична верзија со кундак на расклопување
- со кундак што се прилагодува

Новата опрема ја опфаќа и згодната пиштолска рачка, Пикантиеви шини (кои не можеа да се монтираат на стариот СКС) и зајакната полуга за ослободување на рамката.

Цената на унапредениот СКС на американскиот, на европскиот и на рускиот пазар варира од 200 до 300 американски долари во зависност од одбраната боја, спецификација и од други детали.

Воскреснување на Макаров под името П-М18

Ова е, едноставно кажано, дополнета верзија на советскиот пиштол ПМ Макаров која ги има задржано основните одлики на оригиналот. Секој што некогаш кренал Макаров знае колку е груб, непрактичен и незгоден при употребата според денешните стандарди. Поради тоа конструкторите на П-М18 заменија определен број материјали, применија полимери и во голема мера ја унапредија неговата ергономија.

На пазарот можат да се најдат две верзии на пиштолот – спортски и несмртоносен шок-пиштол. Разликата е во конфигурацијата на цевката и во калибарот на куршумот. Додека спортскиот пиштол користи стандардни куршуми со калибар од 9х18 милиметри ПМ, „цивилниот шок-пиштол“ користи 10х23Т куршуми кои всушност претставуваат гумени куршуми од 0.7 грама.

Според производителот, телото и навлаката на пиштолот се направени од легура на челик и хром која има зајакнати заштитни својства. Нишанот е променет, а избраздениот дел од навлаката е проширен на задниот дел, додека ист таков избразден дел е додаден на предната страна. На овој начин при повлекувањето на навлаката се постигнува позгодно и посигурно држење на рачката. Конструкторите го дотераа и механизмот на орозот, додавајќи му одвоена ударна игла и смалувајќи го одот на орозот.

Сите варијанти на пиштолот користат стандардна пиштолска рамка на Макаров.

Реинкарнација на снајперот СВД „Драгунов“ во телото на карабинот СК-16

Проектот Ск-16 не е само унапредување на советскиот снајпер „Драгунов“, ами претставува и негова суштинска еволуција. Згора на тоа, однадвор гледано, новата пушка повеќе изгледа како футуристичко оружје од некои игри со пукање, ами како вистинска фронтовска пушка.

СК-16 опфаќа определен број идеи кои оригинално се настанати во руската индустрија на оружје. Тие вклучуваат и изменет изглед на телото. Новото куќиште на пушката сега е составено од два дела, како кај современите странски пушки. Горната навлака содржи носачи и легла за монтирање на цевката и на ударната игла, додека долниот дел содржи „неподвижни“ делови – механизам, магацин за рамката итн. Покрај ваквиот дизајн, нишанот на пушката повеќе не губи на прецизност поради вибрацијата при дејствувањето.

Згора на тоа, пушката е рекалибрирана за куршуми со калибар од 7,62х51 милиметар НАТО. Цевката ја штити полигонална преслека со дупки, додека во правоаголното тело се наоѓаат главните компоненти. Постои цела селекција тактички додатоци.

Системот за ослободување гасови под дејството е променето, со што е решена маната на „Драгунов“ која влијаеше на прецизноста на стрелањето.

Според конструкторите, пушката користи систем за ослободување гасови, така што се поттикнува автоматското функционирање со помош на специјалниот уред на устата на цевката. Уредот се наоѓа на врвот на цевката и овозможува правилно функционирање на пушката без никакви пречки поради прекумерна вибрација за време на минувањето на куршумот низ целта.

Згора на тоа, цевката и сегментот на ударната игла мораат да се движат. Кога куршумот е испукан, тие се помрднуваат наназад поради вибрацијата. Поради тоа пушката има продолжен импулс на вибрација, што би требало да има позитивен ефект на стабилноста за време на дејството, а исто така и на прецизноста.

Прочитајте исто така: Најчудниот советски пиштол

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња