Станува збор за најновиот пиштол Лебедев чие сериско производство наскоро треба да започне во Ижевската механичка фабрика.
Воениот експерт Дмитриј Јуров се сложува со мислењето дека пиштолот Лебедев може да стане достојна замена на навидум „вечниот“ Макаров.
„Новото оружје што го конструираше концернот Калашников е навистина квалитетно решение за безбедносните структури, како што се Министерството за одбрана, Руската гарда и други. Во прилог на Лебедев оди подобреното групирање на погодоците и поголемиот ефективен дострел, пооптимална ергономија и прилагоденост на парабелумот на куршумите“, вели експертот.
„Муницијата 9х19 е самата по себе многу добра. И одамна беше потребно да се произведе релативно евтин и квалитетен пиштол за неа“, истакнува Дмитриј Јуров. „А, ако на тоа ги додадеме и противоклопните куршуми, добиваме добро средство за гаѓање цели во панцири. Ваквиот куршум 7Н31 одамна постои за други модели стрелечко оружје, како што се ГШ-18 и ПП-2000, така што со него нема да има никакви проблеми“.
Според мислењето на стручњакот, пиштолот Лебедев ПЛ-14 има и подобра ергономија од Макаров.
„Тој многу подобро лежи во раката. Тоа може да се види која прво го држите Макаров во рака, а потоа ќе го земете Лебедев. Чувството за време на користењето е сосема различно. Лебедев буквално 'се сместува' во шаката и лесно се извлекува од футролата на појасот. А, од тоа колку оружјето е едноставно при употребата зависи квалитетот на гаѓањето“.
„Макаров беше добар за своето време, а Лебедев е добар денес, кога не е важно само да се пука и да се погоди целта, ами е важна и максималната прецизност на огнот по нејзините највитални точки. Ова доведува до помало трошење муниција со цел негова елиминација“, заклучува експертот.
Според официјалните информации кои ги објави концернот Калашников, во Ижевската механичка фабрика се отвора нова постројка за производство на пиштолот Лебедев кој се подготвува за контролни тестирања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче