„Фјодор“ ја заврши кариерата, следен во вселената лета роботот „Леонов“

Станислав Красиљников/TASS
Роботот „Фјодор“ (модел Skybot F-850) повеќе нема да лета на Меѓународната вселенска станица.

Место „Фјодор“ во вселената ќе биде испратен апарат со нова модификација, соопштува РИА „Новости“. Како што изјави за оваа агенција Евгениј Дудоров, извршен директор на Научно-производственото претпријатие „Андроиднаја техника“ и конструктор на роботот Skybot F-850, веќе е започнато проектирањето на новиот робот кој ќе биде оспособен за излегување во отворена вселена, а „Фјодор“ (Skybot F- 850) останува на Земјата.

„Не, тој нема да лета. Тој си ја изврши мисијата“, рече Дудоров. „Тој веќе нема што да прави таму“.

Зошто беше потребен нов модел на робот? Според конструкторот, сегашниот „Фјодор“ не е погоден за посложена задача како што е работење на оплатата на Меѓународната вселенска станица. Планирано е новиот робот да ги „изгуби“ нозете, затоа што не му се потребни во отворена вселена. Покрај тоа, ќе биде посериозна поголема заштита на сите системи и електрониката од космичката радијација.

„Веќе работиме на системи кои треба да одговараат на барањата за работа надвор од вселенски брод“, ги наведува РИА „Новости“ зборовите на Дудоров.

Рускиот антропоморфен робот може да биде првата „паметна“ машина од ваков вид која ќе излезе во отворена вселена. Со други зборови, следната модификација на „Фјодор“ би можела да биде своевиден Алексеј Ленов (првиот човек што излезе во отворена вселена) меѓу хуманоидните роботи.

Доколку нема доцнења во реализацијата на програмата за конструирање нов апарат, „ние ќе бидеме први“, рече Дудоров.

Рускиот антропоморфен робот „Фјодор“ или Skybot F-850 беше испратен на Меѓународната вселенска станица во август. Космонаутите Александар Скворцов и Алексеј Овчинин спроведоа неколку експерименти со него. „Фјодор“ се обиде да спои електронски конектори со помош на далечински управувач, ракуваше со рачна дупчалка, шрафцигер и друг алат, и на 7 септември беше вратен на Земјата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња