Ричард Кејтон Вудвил помладиит. Напад на лесната коњице, 1897.
Уништување на Рјазањ. Илустрираа хроника од 16-от век.
Библиотеката на Руската академија на наукитеНа почетокот на 13 век монголската војска открила дека руските кнежевства се поделени и дека не се во состојба да се спротивстават на обединетите азиски освојувачи. Кнежевствата биле едно по друго поразувани во нападите на Монголците, биле разорени, опљачкани, и голем дел од населението бил истребен.
Некои кнежевства до крајот на 15 век биле политички и економски зависни од Монголското царство, а потребни биле децении за да се обнови уништената земја. Русија се соочила со сериозно назадување во својот развој, и заостанала далеку зад европските држави.
Инвазијата во целост ја изменила политичката карта на руската земја. Киев, кого Монголците го зазеле во 1240 година, никогаш повеќе не го повратил статусот на најважен град во Киевска Русија. Западнословенските кнежевства, како Смоленск, Курск и подрачјата на современа Украина и на Белорусија, паднале под сферата на влијанието на Литванија.
Тоа била темпирана бомба зашто овие подрачја станале главен повод за несогласување и причина за бројни војни помеѓу руската држава и Полско-литванската унија. Дури и во 20 век помеѓу Полска и СССР постоеле спорови околу некои територии.
Војската на полскиот крал Стефан Батори го става под опсада Псков, 1843. Карл Брјулов, масло на платно.
Иван Четврти, попознат како Иван Грозни, започнал војна за ослабување на Ливонската конфедерација со цел да ги заземе нејзините главни пристаништа и да добие упориште во Великото кнежевство Москва на балтичкиот брег. Тоа било мошне важно за растечката руска држава зашто нејзиниот пристап до Балтичкото море бил ограничен на мали и главни неразвиени парчиња земја на брегот на Финскиот залив.
Првиот дел од војната за Иван Четврти бил успешен, и неговата војска зазела значајни делови на Ливонската конфедерација – териториите на современа Латвија и Естонија. На другите воени сили, меѓутоа, не им било по волја да ја набљудуваат сè поголемата моќ на својот источен сосед. Долги години Русија била во војна со Шведска и со Великото кнежевство Литванија, кое во 1569 година се обединило со Полска.
Исцрпувачката војна траела повеќе од 20 години, а завршила со голем пораз на руската држава. Земјата била економски уништена, а на северозападните територии гинело населението. Сите подрачја што ѝ биле одземени на Ливонија биле изгубени. Згора на тоа, Великото кнежевство Москва ги изгубило териториите во Финска, како и поголем дел од земјата во Финскиот залив. Само мало парче земја на притоката на Нева останало во сопственост на Русија, но тоа не можело да обезбеди пристап до море.
Сега наместо слаба Ливонска конфедерација, Русија имала нови и моќни непријатели на својата западна граница: Полско-литванската унија и Кралството Шведска. Русија ќе се соочи со овие проблеми подоцна, во Големата северна војна (1700-1721).
Битката кај реката Прут. Илустрација на Вилијам Хогарт, 1724.
Петар Велики бил успешен онаму кадешто на Иван Грозни не му тргнало од рака – ја скршил Шведска и извршил анексија на нејзините територии, заедно со источниот Балтик (Естонија, Ливонија и Ингрија) во согласност со мировниот договор во Ништад.
Меѓутоа, во 1711 година војната ни оддалеку не била готова, и царот се нашол во животна опасност која речиси завршила со уништување на целата негова војска.
По спектакуларната руска победа во Полтавската битка во 1709 година, поразениот шведски крал Карл Дванаесетти избегал во градот Бендери во Бесарабија, тогаш под османската власт. Преговорите помеѓу царот и султанот Ахмед Трети за судбината на шведскиот крал не вродиле со плод.
Султанот сакал да ги исфрли Русите од Азовската тврдина на брегот од морето, што Петар Велики ја освоил во 1695-1696 со цел да ѝ овозможи на Русија пристап до Црното море и до Керченскиот теснец.
Османлиите во 1710 година подмолно ѝ објавиле војна на Русија. Во 1711 година руска војска од 38 илјади војници, на чие чело бил Петар Велики, била опкружена од 190 илјади османски и кримски трупи во Бесарабија. За да избегне катастрофа, Петар Велики бил принуден да ги прифати султановите понижувачки услови, кои две години подоцна биле запишани во мировниот договор од Прут.
Русија му го препуштила Азов на Османското царство и ги уништиле сите тврдини на брегот на Азовското море, а така го изгубила и пристапот до Црното море. Освен тоа, Русија на речиси 20 години ја изгубила контролата над козаците од Запорожје кои останале под османската власт.
Најтешкиот пораз било уништувањето на првата руска морнарица – Азовската флотила. Уништени се неколку стотини големи и мали бродови; некои биле продадени, а судбината на останатите е непозната. Кога станува збор за јужниот правец на надворешната политика, Русија била принудена да почне од нула.
Литографија објавена во Италија 1857.
Global Look PressКримската војна на извесен начин била слична на Ливонската: Русија успешно ја започнала борбата против еден слаб непријател, но судирот завршил со пораз во војната против коалицијата на големите сили.
Според Парискиот договор од 1856 година, Русија не изгубила големи територии, но го изгубила правото да има флота на Црното море. Така, Русија повеќе не можела да ги штити христијаните во Османското царство и ѝ го препуштила тоа право на Франција. Исто така го изгубила влијанието во Молдавија, Кнежевството Влашка и во Србија.
Царството најмногу настрадало финансиски. Но, Кримската војна исто така ја принудила владата да започне големи воени и економски реформи, како што е укинувањето на кметството во 1861 година.
Капитулација на руските војници во Првата светска војна.
Archiv Neumann/Global Look PressГолемата војна, како што ја нарекувале Првата светска војна современиците, била вистинска катастрофа за Руското Царство која довела до револуција во октомври 1917 година. 1.7 милиони загинати во војната биле само почеток на уште поголемо крвопролевање. Иако Русија излегла од војната со Брест-литовскиот мировен договор на 3 март 1918 година, граѓанската војна ја втурнала земјата во уште поголемо насилство и разорување.
Поради својот сепаратен мир со Централните сили, Русија не учествувала во мировните преговори, иако нејзиното влијание на победата било значајно, особено во раните фази од војната. На крајот Русија изгубила околу 842 илјади квадратни километри (15.4% од вкупната предвоена површина), на кои живееле 31.5 милиони жители (23.3 проценти од предвоената популација на Царството).
Колапсот на Царството довел до појава на нови држави. Повторно е воспоставена независност на Полска, а Латвија, Естонија, Литванија и Финска за првпат во историјата стекнале државност. Романија ја искористила можноста и ја анектирала Бесарабија.
Дури и денес геополитичката ситуација во источна Европа ја карактеризираат комплицирани односи меѓу земјите кои настанале од пепелот на Руското Царство во 1918 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче